Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



Photobloggies 2006 Awards!

1 comments



The Photobloggies доделува годишни награди на најдобрите фотоблогови на интернет. Наградите се доделуваат според неколку критериуми и тоа: географски регион, предмет (тема) на блогот и блогови од категоријата "Best of", вкупно 25 категории.
За најдобар од најдобрите фотоблогови беше прогласен блогот NO TRACES

Многу фотоблогови можат да се најдат тука

P.S. Некои од линковите во овој пост можат да ве однесат до стотици фотоблогови! Уживајте!





Голем успех на фотографите од Македонија!

На 28-то Биенале на црно-бела фотографија, под покровителство на FIAP, што годинава се одржа во Кина, Македонија од жирито доби вкупно 194 поени и го освои 14-то место во конкуренција од 47 земји учеснички. Македонската селекција на фотографии која ја состави фотографот Боро Рудиќ, КМ на ФСМ, зад себе остави многу фотографски велесили како Белгија, Бразил, Израел, Швајцарија...
Дел од селекцијата ја сочинуваа и неколку фотографи од Фото кино клубот ТЕТОВО! Чкрап! За тоа во некој од следните постови.

За целосни резултати чкрапни овде!

... Уште да не беше тоа FYROM!


Да се фотографира или не?

1 comments




Да се фотографира или не?
На прв поглед многу чудно, дури и неприродно прашање за еден фотограф. Згора на тоа хамлетовската дилема јавно е поставена на блогот посветен на фотографијата.
Но, работите не се никогаш такви како што изгледаат на прв поглед, па така е и во овој случај. Фотографите многу често си го поставуваат ова прашање. Од различни побуди, се разбира. Некои од нив нема да го притиснат чкрапалото на фото апаратот ако не се 100% сигурни дека “имаат“ добра фотографија. Други пак, снимаат, но не се сигурни да ли фотографиите да ги покажат и изнесат пред судот на јавноста, да ли затоа што не се сигурни во кавалитетот или пак поради содржината на фотографиите, сеедно. На трети, пак, секогаш нешто им фали. Дел од фотографската опрема, добро светло, модел, или... “инспирација“.
Од друга страна, пак, фотографијата може да се ужива на милион други начини, но понекогаш како да забораваме дека само кога фотографираме целосно сме во нашиот (фотографски) “елемент“ и тогаш возбудата е најголема...
Фотографи од сите земји, разбудете се!


Lewis Eichele во МАЦ

0 comments



На 22 мај 2006 година, со почеток во 15 часот, во МАЦ - Тетово, ќе гостува Lewis Eichele, уметник од Чикаго, САД. Тој е сликар, концептуален уметник и фотограф.
Тема на предавањето ќе биде содејството меѓу природата и културата како визуелна коинциденција.

Информации за уметникот и за неговата работа има тука.


Re. Analog vs Digital

0 comments



Во врска со мојот последн пост - Analog vs Digital, Давор Спасоски, фотограф и член на Фото кино клуб ТЕТОВО, ми испрати mail со негови размислувања на оваа тема. Ми се чини дека неговото видување ќе биде интересно и за другите, па затоа со негова дозвола го објавувам.

Go procitav tvojot post ama ne stignav da ti odgovoram. Se soglasuvam kompletno so tebe. Linijata pomedju digitalno i analogno e kompletno zamatena. Vo 99% denes (vo normalen svet) fotografskiot "workflow" sodrzi cekor(i) koj e digitalen. Npr. otisok na digitalna masina, scan, inkjet print, itn. Biten e krajniot "look and feel". Obratno, CCD chipot vo princip e analogen ured. Toj kontinuriano reagira na kolicinata na svetlina. Ponatamu signalot se digitalizira. Zatoa sto sum inzener, licno mnogu mi e jasno sto znaci analogno a sto digitalno vo tehnicki zargon i koi se prednostite i maanite na edniot i drugiot workflow. Digital, Megapixel, itn. se zargoni koi sluzat za marketing. Ima mnogu pobitni karakteristiki na mediumot za "capture" na informacijata od surovata rezolucija. Fakt e deka toa denes e najneposredniot nacin na dozivuvanje na fotografijata. Film ili senzor, ne e bitno se dodeka krajniot rezultat e dopadliv.
Poradi faktot deka e mnogu polesno da gi pridvizis pixelite vamu i tamu, ostanuva samo problemot na fotografijata kako faktografski zapis i nejzinata verodostojnost. No toa ne gi interesira umetnicite, neli?
Od den na den tehnologijata napreduva, pa ne e daleku ni denot koga so digitalen fotoaparat ce moze da se simulira verodostojno bilo koja pozitivna karakteristika na filmot.

Ako sevo ova pogore sto go navedov se sumira, bi zaklucil deka ne moze da se vrsi podelba na analogni i digitalni tuku na hemiski i elektronski senzori. Obrabotkata na latentnata slika, mnogu verojatno ce pomine nekoja digitalna etapa do printout ili ekranska slika, ili obratno hemiski proces vo slucaj na konvencionalen otisok.

Davor Spasoski.
Chkrap!



analog vs digital

1 comments

Во последно време многу жешка тема меѓу фотографите. Аналогно или дигитално? За мене, после доооолго размислување, еве ќе бидам храбар - тоа е промашена тема! Аналогно (аналогно заради изборот на алатот, начинот на обработка, или пак заради “аналогниот“ начин на фотографско размислување?), или дигитално (пак заради новите “дигитални“ алатки од не знам колку мегапиксели, обработката во разни фотошопи итн. или пак некаков си “дигитален“ начин на фотографско размислување?). Првите се, нели, класика, проверена работа, а сепак кул, црно бело или слајд..., а вториве мислиш се родиле со 9 мегапиксели, а за прв роденден добиле CS2...

Можеби не сум многу јасен, ама еве само кратко ќе кажам (да не речам - ќе рикнам!).
Тука сум (сме) едноставно заради добра фотографија. Сето она што ни се случува, она што го гледаме, или пак она што сакаме да го видиме, нашиот живот, нашите емоции, нашите таленти, желби и фантазии, ние решивме да ги прикажеме со помош на ФОТОГРАФСКИОТ МЕДИУМ. Без разлика да ли е тој “аналоген“ или “дигитален“ (намерно во наводници!). Фотографијата е убава затоа што пружа безброј можности и начини да се изразиме како фотографи. Затоа - Chkrap!



фотогарфија © Драги Неделчевски


Pictures of an Exhibition

1 comments

Фотографски настан во Тетово.
Што? - Изложба на фотографии на Штефан Мосес од Германија.
Каде? - МАЦ - Мултимедиа Арт Центар - Тетово (Лоја)
Кога? - Вторник, 16 мај 2006 година во 20.00 часот.
Кој? - Фотографи, дизајнери, студенти, новинари, љубители ма добрата фотографија...
Зошто? - Заради фотографијата. како феномен, како уметност, како живот, како занает, како cool ствар, како мајсторија, како запознавање на другиот, како...















Фотографии © Драги Неделчевски *2006


Изложба на фотографии во ЛОЈА

3 comments



Центарот за балканска соработка ЛОЈА од Тетово и Германската амбасада во Република Македонија ја промовираат германската култура. На 16 мај 2006 година со почеток во 20.00 часот во МАЦ - Мултимедиа арт центар (во моментов најагилен промотор на културните збиднувања во Тетово!), ќе биде отворена изложба на фотографии од германскиот фотограф Штефан Мосес. Тој ќе се претстави со 48 црно бели фотографии во голем формат. Изложба на фотографии што не смее да се пропушти. Повеќе информации тука, тука и тука. Се гледаме во вторник. Chkrap!


FFF - Fabrica Forma Fotografia

1 comments



Еве еден интересен конкурс за фотографија. Повеќе детали тука...


ФОТОГРАФИ

0 comments



Фотографите, најчесто стојат зад објективот на фотографскиот апарат. Нивните фотографии всушност се нивните портрети, нивниот несвесен автопортрет, нивното второ (или прво?) јас. Еве, осуммина фотографи - членови на Фото кино клубот ТЕТОВО, претставени со по една фотографија. Фотографите често патуваат по светот барајќи се себе си во фотографијата. Фотогтрафииве подолу се снимени на разни места. Од Лондон (Д. Спасоски) преку ова Балканов, па се до Сирија! (С. Љума). Снимаат насекаде и снимаат разни нешта. Но изгледа на крајот вистината (па и онаа фотографската) се крие само во самите нас! Запознајте се!


© Мирче Новаковски



© Самир Љума



© Зоран Андонов



© Давор Спасоски



© Наташа Гечовска



© Александар Стојановски



© Драги Неделчевски



© Ѓорѓи Ристоски




Во текот на март и април 2006 година, ФКК ТЕТОВО организираше семинар за фотографија - почетен курс. СЗТК Народна техника од Тетово се погрижи за организацијата, ги анимираше учениците од основните училишта во Тетово, а ФКК ТЕТОВО (Chkrap!) се погрижи тие да добијат корисни информации. Теми: кратка историја на фотографијата, техника (фото опрема и начин на снимање), композиција, пејсаж, портретна фотографија и практичен дел - снимање. Своето скромно познавање од областа на фотографијата (со огромно задоволство), им го пренесе, Драги Неделчевски.


MADISON - Launge

0 comments



MADISON Launge - со нов изглед, целосно реновиран. Едно од ретките урбани, фини места за излегување во Тетово. ОК. Ама каква врска има тоа со фотографијата? Да речеме дека на фотографите од Тетово им е преку глава од хаосот и кичот што владее во градот, па MADISON е добра можност тие, а и нивните објективи барем малку да се одморат и инспирираат за “фотографија нова“, која толку ни НЕДОСТИГА... Едноставно, Медисон е добро место за кафе, музика, но и за снимање фотографии (соработлив персонал), како и за муабетење за нашиот омилен topic - фотографијата. Ова второв повеќе. Имам чувство дека многу повеќе разговараме отколку што снимаме...


За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!