Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



Марко ГЕОРГИЕВ - Фотографии

links to this post 0 comments



На 11 февруари 2008 година во организација на НГМ, во објектот “Мала станица“ беше отворена изложбата на фотографии на Марко Георгиев од Њујорк (Скопје?).
Толку многу луѓе (публика?) одамна немам видено на една изложба на фотографии.
Не верувам дека сите тие луѓе одненадеж добиле толкава желба за фотографија (за фоторепортерската фотографија поготово!). Но, сепак беа тука. Зошто?
Да се разбереме - Марко Георгиев е солиден фотограф - фоторепортер. Дете од скопскиот асфалт кое (кој) успеал во светот. Треба да се цени неговата храброст и решителност како и неговото остро око и сенс за луѓето и ситуациите што ги фотографира.
Љубопитноста го носи од еден на друг крај на светот, од војна до модна ревија... Но, таа шареноликост на темите и не баш до крај изграден концепт на изложбата беше нешто што донекаде ми попречи... Но, не верувам и на скопскиот градски “шик“ (cream?), кој се туркаше вечерва во “Мала станица“... А фотографиите ќе ги погледаме некој друг ден...
Anyway, браво за Марко!

П.С. Каталогот е извонредно дизајниран и отпечатен.















© Chkrap!*2009
Фотографии (освен таму каде што е наведено) - Д.Неделчевски * 2009

Имате коментар? Испратете го на: chkrap[at]gmail.com


За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!