Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



MARY ELLEN MARK во Тетово?

links to this post 0 comments



Веднаш на почетокот да кажам дека насловот на овој пост е шега, секако.
MARY ELLEN MARK е само една од многуте мајстори на фотографијата кои ја експлоатирале темата на циркусот. Нејзините црно-бели фотографии од циркускиот живот (и смрт) се впечатлив документ за едно време, за еден необичен начин на живот. Визуелно атрактивна тема која што гледачот не го остава рамнодушен.
Но таа е мајстор на фотографијата, работела во XX-от век во црно бела техника. Снимала во голем формат, на филм, се разбира.

Иако звучи претенциозно, сакав овие неколку фотографии да бидат некој попатен hommage на MARY ELLEN MARK, иако сум свесен дека само со најдобра волја може да се најдат некои допирни точки. Јас сум Д. Неделчевски, фотограф-аматер, снимам со ефтин дигитален фотоапарат, во боја. Сега е XXI век, ова не е циркус, туку сенка на некаков забавен парк во Тетово... Но, тоа се најде пред мојот објектив.











Ако не друго, имате линк до сајтот на MARY ELLEN MARK, па можете да digg-увате понатаму и ете го ќарот од овој просечен пост на chkrap.blogspot, блогот на Chkrap!



Тетово, јуни 2008





Некогаш ги бараш, ги бараш долго, насекаде, а тие се тука покрај тебе.
Мери Каталиниќ не некој начин е со “Чкрап!“ уште од неговото постоење, но се некако од страна. Фотографска инспирација на истакнатиот фотограф од “Чкрап!“ - Самир Љума, редовен посетител на нашите изложби, компетитивен учесник во нашите бескрајни разговори за креативноста, животот, фотографијата...

Еве ја на “Чкрап!“, само за Вашите очи и душа - со нејзини фотографии и текст.
text & photos © meri katalinic*2008









Како ѕиД создаден од облаци и пајакова мрежа ,
Како морЕ кое тоне во сонцето,
Како пат со Минорен случаен крај,
Како нејасен лик нацртан на песОкта,
Како милиоН мали месечинки,
Како кога се плашам дека сме само нечИј сон
и Тој некој ќе се разбуди и се ќе исчезне заедно со нас,
Како нЕчујна воздишка за спас или од едноставна среќа ,
Како сон од кој Вистински не сакаш да се разбудиш,
Кога се кОлебаш во сопствената верба ,
Кога си саМо сигурен во сопствената не сигурност,

Кога повторно се поврзувам со нЕкој дел од себе кој бил заклучен некаде длабоко таму,,,
ДозНавам дека не морам да го видам својот лик во скршено огледало за да запознаам уште нови ликови кои никогаш порано нЕ сум ги сретнала,
Малиот милион демони кои живеат во мене и ги боли што сум рамнодушна кон вистината дека постојат ,,,,
Неколу пати чкрап и јас всушност ги славам, ги ослободувам , ги заживувам....
...па добиваат боја , форма, сенка , приказна, мисла ,...и фотографијата постои...

...м...



За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!