Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap








На 44 Републичка изложба Денови на македонската фотографија (ДМФ), беа доставени 292 фотографии од 45 автори.

Жирито во состав: Раде Луковиќ, Дејан Гилевски и Стојан Ѓорѓиев



одбра 103 фотографии од 39 автори.

Фото кино клуб ТЕТОВО на ДМФ 2006 конкурираше со 67 фотографии од 10 автори. Од нив на изложбата беа примени 26 фотографии од 9 автори, и тоа:
Самир Љума (примени 3 фотографии).

Александар Стојановски (5)
Дејан Јанев (2)
Зоран Бојаџиески (1)
Драшко Серафимовски (1)
Давор Спасоски (6)
Зоран Андонов (3)
Драги Неделчевски (1) и
Ѓорѓи Ристовски (4)








Жирито ги додели следниве награди:

I награда за фотографија – Маја Аргакијева од ФК “ЕЛЕМА“ - Скопје



II награда за фотографија - Самир Љума – ФКК Тетово - Тетово



III награда за фотографија – Владимир Секуловски - ФК “ЕЛЕМА“- Скопје




I награда за колекција – Валентино Ристевски – самостоен автор
II награда за колекција – Зоран Андонов – ФКК Тетово - Тетово







III награда за колекција – Цветан Гавровски - ФК “ЕЛЕМА“- Скопје

Дипломи за фотографија добија:
Мартин Трајчевски – самостоен автор,
Марјан Јаневски - ФК “Козјак“ – Куманово
Душан Доцевски - ФК “Козјак“ – Куманово

Дипломи за колекција добија:
Давор Спасоски – ФКК Тетово - Тетово







Катарина Ристовска - ФК “ЕЛЕМА“- Скопје
Дарко Петровски - ФК “ЕЛЕМА“- Скопје


Многу добри фотографии не беа по вкусот на жирито





и завршија во...



44-та Републичка изложба Денови на македонската фотографија (ДМФ) ќе се одржи на 11 Октомври во Скопје во објектот “Мала станица“.


Chkrap!





Се чини дека сепак “Деновите на македонската фотографија - 2006“ ќе се одржат, и тоа околу 11 октомври 2006 година во Скопје. Последен рок за доставување фотографии за членовите на Фото кино клубот ТЕТОВО ака Chkrap! е петок, 28. септември во 20.00 часот.
Жирирањето ќе се одржи во сабота, 29 септември во Скопје. Ако некој има подетални информации, нека ги подели со нас на fkktetovo@gmail.com. Е па, ајде на работа. Чкрап, сним, кроп, принт, пак....


Мимоза ВЕЛИУ - фотографии

links to this post 0 comments



Мимоза Велиу (Mimoza Veliu), млад фотограф од Тетово, сега живее и работи во Берлин, од денес е член на Фото кино клуб ТЕТОВО. Вечерва, 12.09.2006 година во МАЦ (ЛОЈА) во Тетово со почеток во 20.00 часот таа ќе изложи свои фотографии. Изложбата се вика “Сеќавање“ ("Reminishenca").
Повеќе информации за неа на Flickr!


Дарко Ковачовски - режисер

links to this post 0 comments

Тетово, септември 2006.
Презафатениот Дарко Ковачовски - режисер, деновиве во Центарот за култура во Тетово подготвува куклена претстава.
Иако неговиот “скеџуал“ е преполн, тој најде време (15 минути) и место (бекстејџот во Центарот за култура - за постарите - Дом на културата “Иљо Антески - Смок“ во Тетово), а јас со себе го имав мојот мал 3.2 Mp Samsung. Една сијалица, една маса, една столица... и еден Дарко.







© фотографии: д.неделчевски / © photographs: d.nedelchevski *Chkrap! 2006*


Град

links to this post 3 comments



Градот нуди извонредни можности за секој фотограф.
Иако, често се “палиме“ на фотографиите снимени некаде во Европа и ширум светот, нашите градови - валкани, несредени, со трапаво премостени векови, со прекрасното светло, со целиот тој визуелен хаос и драматика - се прекрасни за фотографирање.
Но, живеејќи во нив, ние често пати тоа не го забележуваме.
Еве неколку фотографии снимени во Тетово и Скопје последниот ден од август, лето господово 2006.









© фотографии: д.неделчевски*2006 / © photographs: d.nedelchevski*2006


За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!