MADISON Launge - со нов изглед, целосно реновиран. Едно од ретките урбани, фини места за излегување во Тетово. ОК. Ама каква врска има тоа со фотографијата? Да речеме дека на фотографите од Тетово им е преку глава од хаосот и кичот што владее во градот, па MADISON е добра можност тие, а и нивните објективи барем малку да се одморат и инспирираат за “фотографија нова“, која толку ни НЕДОСТИГА... Едноставно, Медисон е добро место за кафе, музика, но и за снимање фотографии (соработлив персонал), како и за муабетење за нашиот омилен topic - фотографијата. Ова второв повеќе. Имам чувство дека многу повеќе разговараме отколку што снимаме...
0 Responses to “MADISON - Launge”
Leave a Reply