Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



ДОМА - Фотографии на Иван Блажев

links to this post 0 comments

На 17 март 2009 година, во 19 часот, во Кинотеката на Македонија (поранешна библиотека “Другарче“) во Скопје, ќе биде отворена изложбата на фотографии на Иван Блажев - фотограф од Скопје, со наслов “Дома“.


© Ivan Blazhev

Изложбата е дел од проектот “Поинаков поглед“, финансиран од Швајцарската програма за култура - Западен Балкан, во организација на Македонскиот Центар за Фотографија од Скопје под раководство на Роберт Јанкуловски.

Овде се постирани неколку фотографии и еден подолг текст за изложбата.



Блажев со својот документарен фото есеј го портретира животот на студентите во студентскиот дом “Стив Наумов“ во Скопје.

Како и секогаш досега, фотографиите на Иван Блажев спаѓаат во самиот врв на документарната фотографија. Тој ја погаѓа суштината на животот без употреба на екстремни надворешни ефекти. Неговите животни и помалку тажни фотографии се такви каков што е и животот. Директни, на моменти сурови, едноставни, а сепак длабоки и човечни во својата суштина.

Од изложбата ќе произлезе и книга со фотографии со наслов: ДОМА - Иван Блажев.

Браво за Иван!

© Драги Неделчевски * Chkrap! * 2009



Мимоза Велиу, фотограф и член на Фотокино клубот “Чкрап!“ од Тетово, неодамна се претстави со изложба на фотографии во Приштина.



Нејзиниот необичен, директен, на моменти шокантен, но истовреме и контемплативен начин на фотографирање и гледање на сето она што ја окружува, гледачот го става во улога на активен учесник во нејзиниот свет...
Гледајќи ги нејзините фотографии, никој не размислува за техничките аспекти, за композицијата, за боите и контрастот. Тоа е затоа што нејзините фотографии пленат со својата животност, емотивност и ако сакате веднаш продираат во подсвеста на гледачот и тој е сосема обземен од нив...



Браво за Мимоза.

За жал, не успеав да обезбедам превод на видео прилогот за изложбата. Но, ионака фотографијата зборува сама за себе.

Dragi Nedelchevski © Chkrap!*2009


НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА

links to this post 0 comments


© Alfred Stieglitz 1907

Курс за фотографија, напредно ниво

Почеток: 4 март 2009 (среда)
Време: 18:00 – 21:00 (20 часа распоредени во 7 сесии)
Место: Македонски центар за фотографија, Мала станица, Скопје
Обучувач: Марко Георгиев
Цена: 3200 денари

Рок за пријава: до 2 март 2009 (понеделник)
Контакт: Јасмина Гиева, тел. 071 30 99 94

Целта на курсот е да им овозможи на учесниците стекнување на продлабочени знаења и вештини за новинарската фотографија. Курсот ќе опфати теми од: модерната новинарска фотографија, новинарски принципи и first hand knowledge од работењето за светски познати медиуми. Овие програмски содржини ќе им бидат пренесени на учесниците преку предавања, демонстрации и практични вежби. На крајот од курсот ќе се одржи изложба на најуспешните фотографии.

Сите заинтересирани кандидати потребно е да достават портфолио со неколку фотографии, кратка биографија и мотивациско писмо во електронска форма на адресата на Македонскиот центар за фотографија (makcentarfoto@gmail.com).

Сите учесници добиваат сертификат за учество на курсот.

Кратка биографија на обучувачот

Марко Георгиев е роден во Скопје 1974. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, 2003 година. Во 1999 има добиено целосна стипендија за завршување на студиите на Rutgers University, Њу Џерси. Од 2003 има работено како слободен фоторепортер за Њујорк тајмс, АП, The Star Ledger, Getty, WPN и други агенции и публикации во регионот. Има покривано 5 урагани, вклучувајќи го и ураганот Катрина, војната во Ирак, граѓанската војна во Непал и многу други настани и стории.

Македонски центар за фотографија
ул. Железничка 18 (Мала станица)
Тел. 071 309 994
e-mail. makcentarfoto@gmail.com


© Драги Неделчевски 2009


За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!