Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



Emi - LUDA, Official video directed by Dragi Nedelchevski

links to this post 0 comments

Emi - LUDA

Music video by Idol Emilija Gjorgjevska performing her first single, “Luda”
© 2012 POSITIVELY DIRTY MINDED PRODUCTION ALL RIGHTS RESERVED
Video by: Dragi Nedelchevski (draginedelchevski.com, lifeinabox.info)
Directed & Filmed by Dragi Nedelchevski, Edited by Mihajlo Djulebass Vojtikiv – Tetovo
facebook.com/home.php?sk=h#!/pages/Emilija-Gjorgjevska/139951076068600



ТЕКСТ/LYRICS:

ЛУДА

За тебе научив да лажам
и разни глупости да кажам
само за да ти се доближам.
Ми крадеш воздух, здив ми земаш
како дрога ти ми требаш
и не знам како да се одвикнам

Како вулкан ти се активираш
и во срце еруптираш

РЕФРЕН:
Луда, по тебе јас сум луда
и разум губам
бура во гради удира (да, да, да, да)
Луда, по тебе јас сум луда
и разум губам
бура во гради удира (да, да, да, да)

На тебе мислам и трета смена,
и се молам на Венера,
за да не ја снема љубовта (меѓу нас)
Седум дена, седум ноќи,
те чувам како очи,
и нема да те повредам

Љубов не ме остава на мира
и не ми дава да се смирам

РЕФРЕН:
Луда, по тебе јас сум луда
и разум губам
бура во гради удира (да, да, да, да),
луда, по тебе јас сум луда
и разум губам
бура во гради удира

Луда, за тебе јас сум луда,
за тебе јас сум луда,
за тебе јас сум луда

Луда, за мене ти си луда,
За мене ти си луда,
За мене ти си луда

РЕФРЕН:
Луда, по тебе јас сум луда
и разум губам
бура во гради удира (да, да, да, да),
луда, по тебе јас сум луда
и разум губам
бура во гради удира.

Луда, по тебе јас сум луда
и разум губам
бура во гради удира (да, да, да, да),
луда, по тебе јас сум луда
и разум губам
бура во гради удира

Луда, без тебе умирам.

***

Music, Lyrics & Arr: Milan Milanov - Kosa
Музика, текст и аранжман: Милан Миланов – Коса

Instruments/Инструменти: - Guitar: Милан Миланов - Коса, Лазар LCV Цветковски; - Bass: Михајло Djulebass Војтикив; - Drums: Дамир The Drummer Ибраимоски; - Piano: Јован Василевски

Thanks to/ Благодарност до:

- Clothes/Гардероба: Џули Алексовска (facebook.com/home.php?sk=h#!/pages/Julie-fashion-boutique-and-studio/266714370064116)
- Make up/Шминка: Деана Дабеска (facebook.com/home.php?sk=h#!/ddexy)
- Camera/Камера: Драги Неделчевски
- Editing/Монтажа: Михајло Djulebass Војтикив
- Light/Светло: Младен Антовски
- Photography/Фотографија: Томислав Наумовски
- Graffiti/Графити: Јован Божиновски, Урош Николовски
- Војкан LUTRIJA Апостоловски
- Гоце Симоновски
- Бубе Геговски
- Ивица Обадиќ
- Благоја Ристовски

Group/Група: CHERRY BOMBS

Guitars/Гитари: Ивана Ѓорѓевска, Светлана Михајловска
Bass/Бас: Кристина Карапеоска
Drums/Тапани: Јасмина Зафировска

Location/Date, Tetovo, Republic of Macedonia, August 2012.

*****

The making of LUDA...















More here.

© Chkrap! * 2012




МАКЕДОНСКАТА ФОТОГРАФИЈА



Колекцијата фотографии на Фото Сојузот на Македонија ја составуваат четириесет и пет дела од триесет и еден автор со различити поетики и генерациска припадност. Уметничката комисија која работи во состав на Фото сојузот, претставува своевиден коректив и филтер на квалитетното фотографско творештво во Македонија. Оваа изложба не е тематска, ниту пак со задачата на фотографот е компактна, туку неа ја карактеризира институционалното заедништво. Пред нас се многу фотографии кои се обликувани во современ дух, што ќе рече оти авторите длабоко нурнале во актуелните состојби на фотографското творештво. Мотиви на овие фотографии се сцени од амбиентот на катадневниот живот преземени со око на зналец и со фотоапаратот на снимателот и сега го живеат животот на уметничка фотографија. Тоа е најчест начин на фотографската работа која што со своите основни средства, со апаратот в раце, а со продолжен елемент на својата совест, како што вели Сузана Сонтаг, бара и лови сцени од катадневието. Врските во оваа колекција фотографии е онаа почетна или праидеја на фотографијата, а таа е оти фотографијата треба да го улови и да го задржи мигот на вистинскиот живот.



Овие четириесет и пет фотографии едноставно се моќно поврзани и се вмрежени со оригинална праисконска идеја на фотографијата. Го уловиле животот или деталите кои животот го прават поубав. Дали тој живот е „фатен„ на улица, во одење или е режиран со магичноста на снимателскиот нерв кој го преточил во трајна фотографска снимка, на крај тоа и не битно. Творечките патишта на авторите се различни, а методологиите се моќни и автохтони. Резултат на овие индивидуалности се актуелната и современа фотографија која што со чинот на изборот од страна на стручната комисија, станува историски податок и по овој автоматизам прераснува во архивска граѓа. Не е само архивска граѓа, туку добива значење на културно богатство зашто ја претставува фотографската работа на една земја. Духот и свежината на непосредност на овие фотографии моќно се чувствуваат.



Денеска по автоматизам фотографската техника снима во колор, а и светот е обоен во својот манифестен облик. Понатаму, вообичаено е фотографијата да биде во боја. Првичен поглед во извонредно богатата и животворна манифестациона практика во реални или во виртуелни простори ни покажува автори кои со своите однесувања кон фотографската работа не демантираат и честопати сме исправени пред црнобели фотографии. Во првата фаза на работа, односно додека фотографите снимаат, тие секако гледаат, а можеби и „мислат во боја„ а во втората фаза на создавање, која е надградба на првата, е обработка на снимениот материјал. Во работата на ова ниво клучна е одлуката за преминување на границите и на просторот на боите во монокроматски амбиент. Авторот навистина мора да има силни аргументи кога светот со богат колорит сака да го замени со сив или монокроматски регистар. Веќе со оваа интервенција тој јасно ја формира пораката и ја поставува естетската мера. Во оваа втора фаза од работата за сите автори карактеристично е оти ги доработуваат последниот поглед и структурата на композицијата. Очигледно е оти сите тие во некоја форма се потпираат на добрата практика од класичната естетска мера, па секако го препознаваат и го применуваат современиот фотографски рез во композицијата.



Искусниот набљудувач, уживајќи во овие фотографии, го препознава напорот и творечкиот нерв на авторот. Неупатениот набљудувач нема да ги препознае ниту креативните, ниту пак технолошките интервенции, но, секако, сигурен сум во тоа, ќе почувствува спокојство, опуштеност или посебна вибрација која што во миг ќе не поврзе со амбиентот на овие фотографски слики. Ова е вредносен културен проект на меѓународната соработка. Оваа изложба останува во меморијата на риечките автори, но и на пошироката културна јавност како амбиент во кој ги демонстрираме своите карактеристики.

Borislav Božić, prof. Rujan, 2012.

Еве како било на отворањето на изложбата...











© Chkrap!*2012



74-ти Светски фестивал на непрофесионален филм
Македонија со најзабележителен успех досега – четири вредни награди за
македонските автори



На 74-тото издание на фестивалот на УНИКА (светска асоцијација за непрофесионален
филм), кој оваа година се одржа во Русе, Бугарија, во периодот од 25.08 до 02.09.2012
година, македонските автори постигнаа досега најголем успех откога Македонија е
членка на оваа светска филмска асоцијација, која е дел од UNESCO и чие годишно
фестивалско издание вклучува претставување на националните селекции на филмови
од 34 земји членки од целиот свет. Секоја година, Македонија е претставена преку Кино
сојузот на Македонија – организација која е членка на УНИКА од 1996 година. Местото на
одржување на фестивалот на УНИКА ротира секоја година помеѓу земјите членки
(повеќе за УНИКА може да се види на официјалната веб-страна: www.unica-web.com).
Жирито на фестивалот беше составено од седум членови, од седум различни земји,
меѓу кои беше и нашиот добро познат филмски автор Петре Чаповски.
Сребро и бронза за Македонија
Оваа година, македонската селекција на филмови успеа да освои еден од неколкуте
сребрени медали, што е за прв пат откога Македонија партиципира на овој светски
фестивал. Филмот „АЛАРМ“ на авторот Ана Алексовска, студент по филм на академијата
ЕСРА, успеа да се избори за сребрен медал, и да биде дел од десетината филмови кои
успеа да го достигнат среброто (во конкуренција од 136 филмови). Со медал во главната
конкуренција (главната програма) на фестивалот се здоби и авторот Ирина Николовска
со филмот „СЕЌАВАЊА“, кој успеа да добие бронзен медал. Комплетната листа на
медали во главната конкуренција може да ја видите на:
http://unica-web.com/archive/2012/competition/films2012result.htm
Секоја година жирито доделува по неколку златни, сребрени или бронзени медали во
зависност од конкуренцијата. Оваа е пред сè поради тоа што на овој фестивал учество
земаат национални селекции на филмови – филмови кои претходно биле избрани за
претставници во своите земји. Со други зборови, главната програма претставува
најдоброто од најдобрите од непрофесионалните (некомерцијалните) филмови за
годината.
Трета награда за едноминутнен македонски филм
Во рамките на секое годишно издание на фестивалот на УНИКА, се одржува и Светскиот
куп за едноминутни филмови. Овој куп претставува посебна конкуренција, и на него
право да учествуваат имаат само филмовите кои траат не повеќе од една минута.
Самиот куп го претставува врвот на едноминутниот филм, бидејќи на него земјите
членки го пријавуваат својот најдобар кандидат во оваа категорија на филмови.
Гласањето и одлучувањето во оваа конкуренција се одвива исклучиво преку публиката.
Оваа година, во овој куп, македонскиот филм „ПОРАНО МОЖЕВМЕ ДА ЈА ДОПРЕМЕ
МУЗИКАТА“ на авторот Мице Чаповски од Академскиот кино клуб од Скопје, успеа да го
освои третото место, што е прв пат македонски филм да освои награда на овој куп за
едноминутни филмови. Овој филм успеа да ги освои симпатиите и реакциите на
публиката, кои одлучија да му го доделат третото место на нашиот автор.
Почесна диплома
На фестивалот оваа година, во главната конкуренција Македонија исто така доби и
почесна диплома, за филмот „СВЕТОТ“ на младиот автор Марина Трајковска. Почесната
диплома се доделува за филмовите што се издвоиле со одредени карактеристики, и
претставува значајно признание кое е едно ниво пониско од бронзениот медал во
главната програма.
Останатите претставници од Македонија беа: Стефан Сидовски со филмот „МИГ НА
СРЕЌА“, Јетон Селими и Кренар Драла со „НЕ СИ ИГРАЈТЕ СО ЛУЃЕТО“ и Љупчо
Петровски со „МОЈОТ ЖИВОТ“.
Годинашното издание на фестивалот дефинитивно ќе го памети и хрватскиот автор
Ивица Мушан, кој со својот филм „РУЧЕК“ ја понесе наградата за најдобар филм на
фестивалот (највисокото признание на фестивалот), додека хрватската селекција на
филмови беше избрана за најинтересна за оваа година.

© Chkrap!*2012


За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!