Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap






Упорно, иако без апсолутно никаков feedback од било кого, продолжувам да (си) поставувам прашања кои сметам дека се важни и составен дел на фотографското битисување.

Овојпат повод ми даде Глигор Кондовски, виолинист и композитор од Тетово, Република Македонија. Тој со своето ново CD со наслов "Crumbly Secret" почнува да ја освојува публиката со можноста за легален download преку iTunes... Ме радува неговиот успех.

Но во векот на имиџот, векот во кој владе сликата, фотографијата и графичкиот дизајн, незамислив е пласманот на било кој продукт без фотографија, дизајн, advertising...

За промоцијата на Глигор Кондовски свој скромен придонес дадов и јас, фотографирајќи го уметникот за неговото портфолио и со изработката на coverot од неговото CD.

Од приложениот screenshot се гледа дека името на фотографот не е наведено никаде...
До кога само автори ќе бидат, новинарите, музичарите, критичарите... а не и фотографите?

Фотографи од целиот свет! Обединете се и дигнете го својот глас! Барајте и Вашето име да биде испишано покрај Вашето дело - ФОТОГРАФИЈАТА!
Тоа е Ваше легитимно право.

Драги Неделчевски
Тетово, 28 јануари 2009 година
© Chkrap!*2009


Нема зима за фотографите

links to this post 0 comments



Иако е познато дека за добра фотографија можеби најдобро светло е она кое го носат лошите временски прилики (магла, снег, ноќ...), сепак многумина од нас, фотографите, во овој период (празнично опуштање во топлите домови), ќе го искористат за средување на архивите, за обработка на тоните RAW фајлови кои заостанале од минатата година, за планирање на снимања за 2009 година...

Ми се чини добра идеата, деновиве да се искористи и дa се “копне“ малку по интернетов и да се пронајдат фотографските бисери, сајтовите за фотографија кои навистина претставуваат врв (за разлика од квазифотографските сајтови и портали кои вријат од неквалитет и медиокритетство, а ги има на тони).
Значи, бараме квалитетни фотографии, интересни статии и можност за инспирација на подзаспаната фотографска популација...

Фотографијата може да се ужива на безброј начини.
За денес Ви препорачувам еден линк за уживање, инспирација и учење.

© Chkrap!*2009


За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!