Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap






Галеријата Artget во Културниот центар на Белград, оваа, 2011 година обележува 10 години работа и целата програма е замислена во духот на еднодеценискиот јубилеј: изложби и уметници според изборот на досегашните уметнички директори на Галеријата.

Прва во низата изложби кои ги одбраа досегашните уметнички директори беше изложбата на Горанка Матиќ – “Мрежи на сеќавањата“, според изборот на уметничкиот директор (2002-03), професорот Јован Чекиќ.

Втората изложба ја одбра минатогодишниот уметнички директор на галеријата Artget, професорот по фотографија Ѓорѓе Одановиќ. Професорот Одановиќ одбра на белградската публика да ја прикаже изложбата на фотографии “Живот во кутија“ на авторот Драги Неделчевски.

Изложбата ќе се реализира во периодот од 3 до 18 март 2011 година. Отворањето на изложбата е во петок, 4 март 2011 година во 19.00 часот во галеријата Artget во Културниот центар на Белград.







Фотографии © Драги Неделчевски
Chkrap! * 2011


За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!