Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



R.I.P. Herman LEONARD, Photographer of Jazz

links to this post 0 comments



March 6, 1923 – August 14, 2010

We are deeply saddened to announce the passing of Herman Leonard… a great photographer, artist
and compassionate human being, who brought the world of jazz and the joy of life closer to us all.

“Above all, enjoy the music” - Herman Leonard




Dexter GORDON


Herman LEONARD





Прпозиции и образец за учество на англиски и српски.
© Chkrap! * 2010



Сé е релативно, рекол А. Ајншајн. Исто така и фотографијата, велам јас.



Еве една фотографија која по многу ,,критериуми“ е лоша фотографија. Фотографиран е
екранот на мониторот на кој е прикажана некоја фотографија. Притоа тоа е направено
небрежно, без да се води сметка за композицијата, острината и сл. Згора на тоа, таму каде што е напишана пораката... е направен грозно лош ,,доџинг“.
Но, од руга страна, фотографијата, (мислам дека) има други квалитети. Наизглед небрежната постапка крие по малку ,,искосен“ поглед на тоа како треба да изгледа и што е тоа добра фотографија?
Но, кој е тој што ги определува критериумите? Фотографијата, како и животот,
не може секогаш да се стави во калап. Мислам дека оваа фотографија е спонтана, животна, лична. Ах, да, лична! Содржината пред формата! Содржината, (барем за фотографот) зборува многу. Таа, (фотографијата), е израз на неговите интереси, размисли, преокупации во моментот на снимањето, на крајот на краиштата. А тоа за некој фото-археолог од иднината и не е мала работа. Можеби во некој абстракт на некој Конгрес за фото-археолошките истражувања од иднината ќе пишува: ,,Некој, веројатно фотограф, Д.Неделчевски во 2010 година снимил фотографија (екран на монитор) која прикажува фотографија од одамна заборавен музичар (некој си Френк Запа и еден женски лик - според името и нашите сознанија се претпоставува дека таа пеела во неговиот бенд во далечната 1976 година...). Веројатно на фотографот многу му значел овој опскурен лик... итн. итн“.

Се прашувам: ,,Дали некогаш размислуваме какви сé приказни, ситуации во различни
контексти можат да се изродат од нашите притискања на на тоа волшебно копче на
фотоапаратот. ,,Чкрап!“, и ја збогатувате историјата на организираниот хаос. Попат, оставате и трага за своето минливо (но возбудливо) постоење... На некој начин сте креатор на сегашностa и иднината заробувајќи го минатото!
Фотографијата е навистина прекрасна забава! (како што кажа и Жак Анри Лартиг пред повеќе од стотина години).

© Chkrap! * 2010





1. ОГРАНИЗАТОР

Изложбата е огранизирана од страна на Фото Кино Клубот „Козјак 50„
2. ПАРТИЦИПАЦИЈА
Изложбата е отворена за секого; учество може да биде одбиенo, од страна на организациониот одбор, спонзорите или жирито, доколку сметаат дека фотографијата не ги исполнува условите и правилата дадени во пропозициите.
Фотографиите можат да бидат изменети, дигитално или на друг начин. Таквата фотографија би можела да биде примена, доколку во неа доминира уметничката фотографија. Со поднесување, учесникот докажува дека делото е негово и со тоа дозволува целото или било кој дел од делото да биде користено бесплатно за медиуми и било какви други потреби на изложбата, под ова се подразбира дека фотографиите можат да бидат објавени со ниска резолуција на веб страната. Органзаторите на изложбата не превземаат никаква одговорност за било какво злоупотребување на авторските права.
Партиципацијата за учество изнесува 15 евра или 20 долари пратени заедно со фотографиите.(За македонски автори партиципацијата изнесува 300 денари).
3. ТЕМИ НА ИЗЛОЖБАТА
Слободна тема
Природа
4. БРОЈ И ИДЕНТИФИКАЦИИ НА ФОТОГРАФИИТЕ
За да земат учество на “Фото Салон Куманово 2010” авторите аплицираат со колор или црно-бели фотографии. Максимум број на фотографии е четири(4) по тема. Според правилата на FIAP за учествување на изложбата, на предната страна на фотографијата не смее да има никакви наслови или информации на авторот. Сите четири фотографии од авторот ке бидат презентирани на жирито одеднаш. Апликацијата и информации за контактирање мора да бидат напишани на еден од официјалните FIAP јазици.
Фотографиите се праќаат во дигитална форма во jpeg формат со минимални димензии 20х30 цм на 300 dpi. Името на секој дигитален документ (фотографија) мора да биде означено најпрвин со името и презимето на авторот, а потоа и редниот број на фотографијата, кое кореспондира со пополнетата апликација. Пример: imeprezime01.jpg; imeprezime02.jpg.
5. КАЛЕНДАР НА ИЗЛОЖБАТА
Краен рок: 01.09.2010
Жирирање: 07.09.2010
Известување: 09.09.2010
Датум на отворање на изложбата: 01.10.2010 во галерија на град Куманово
Испраќање на каталози и награди на авторите до Декември 2010.
6. ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРАЌАЊЕ ФОТОГРАФИИ
Фотографиите се праќаат во дигитална форма во jpeg формат со минимални димензии 20х30 цм на 300 dpi. Името на секој дигитален документ (фотографија) мора да биде означено најпрвин со името и презимето на авторот, а потоа и редниот број на фотографијата, кое кореспондира со пополнетата апликација. Пример: imeprezime01.jpg; imeprezime02.jpg. Фотографиите со апликацијата се праќаат на:
fkk_kozjak@yahoo.com
доколку авторит ги праќа фотографиите и апликацијата на компакт диск, заедно со партиципацијата, користете ја следнава поштенска адреса:
Фото Кино Клуб “Козјак 50”
Поштенски фах 33
1300 Куманово, Македонија
7. ЖИРИ
1. Боро Рудиќ / КМ ФСМ
2. Цветан Гавровски / КМ ФСМ
3. Раша Милојевиќ / КМ ФСС, EFIAP, EsFIAP
8. НАГРАДИ
На “ФОТО САЛОН КУМАНОВО 2010” ќе бидат доделени следнве награди:
1. FIAP златен, сребрен и бронзен медал за најдобра фотографија
2. FIAP златен, сребрен и бронзен медал за најдобра колекција
3. Шест (6) FIAP дипломи
4. FIAP злато, сребро и бронза за најдобра фотографија (природа)
5. Три (3) FIAP дипломи
6. “Живко Јаневски” најдобра life фотографија
9. КАТАЛОГ
Сите автори (кои пратиле фотографии и платиле партиципација) ќе добијат каталог.
10. КОНТАКТ:
Контакт: Г-Дин. Владимир Јовановски, е-mail: fkk_kozjak@yahoo.com


pdf апликација овде.


The Engaged Photographer

links to this post 0 comments

Via http://izabellademavlys.com/blog/


За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!