Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



PHOTO SAFARI - MACEDONIA 2008

links to this post 0 comments



Ете, бидна и тоа. Едно убаво, содржајно и необично фото-дружење заврши. Се надевам успешно.
Се сложија коцчкичките што ги сложуваа Сара Лин, Роберт Јанкулоски, Игор Спироски, Борка Танеска, возачот Љупчо, луѓето од Американската Амбасада во Република Македонија, Македонскиот Центар за фотографија, Националната галерија на Македонија и фотографите од ФОТОГРАФИКА и Чкрап! (плус Станко):)

Ова подолу е мој поглед на тоа што се случуваше минатата недела...


1. ПРЕЗЕНТАЦИЈА








2. НА СНИМАЊЕ








3. ВРЕДНУВАЊЕ И ИЗБОР НА ФОТОГРАФИИ








4. ИЗЛОЖБА












5. НЕЗВАНИЧНО...











6. НЕКОЛКУ ФОТОГРАФИИ


© Александар Стојановски


© Ѓорѓи Ристоски


© Дарко Наумоски


© Самир Љума


© Драги Неделчевски


© Давор Спасоски

Фотографии © Д.Неделчевски*2008 - Chkrap!


ФОТО САФАРИ - МАКЕДОНИЈА 2008

links to this post 0 comments



Наесен се случуваат убави работи во “фотографска“ Македонија. Тукушто стокмивме фотографии за повторно оживеаната PHOTOMEDIA, со мало задоцнување пристигна и конкурсот за ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ФОТОГРАФИЈА - КУМАНОВО 2008, ете ти го Македонскиот центар за фотографија и најновиот фотоклуб во Македонија ФОТОГРАФИКА кои заедно со Американската Амбасада во Македонија (каков удав од вовед е ова?)- со најквалитетната и најинспиративната фото-дешавка. ФОТО САФАРИ - МАКЕДОНИЈА 2008 под менторство и very, very вклученост на никој друг туку SARAH LEEN, фото едитор во легендарниот NATIONAL GEOGRAPHIC MAGAZINE.

Сега за сега ќе ги прескокнам деталите, а Вас Ве поканувам на Изложбата на фотографии снимени на тоа Фото сафари од фотографите на ФОТОГРАФИКА и Чкрап!. Ах, да. Имаше и неколку freelancer-и. Изложбата ќе биде отворена во четврток, на 25 септември 2008 година во Мала станица - Скопје во 20.00 часот, (каде што е сместен и Македонскиот центар за фотографија).

Едно големо БРАВО за Сара Лин (NGM), Роберт Јанкулоски (Македонски центар за фотографија) и Игор Спироски (претседател на ФОТОГРАФИКА), кои на 40-ина (главно) млади фотографи им пружија единствена прилика да фотографираат низ Македонија, да учат од мајсторите на фотографијата, да се дружат, да се разочараат колку смет (ѓубре) има на секоја педа од оваа наша мала и загадена Македонија... И што сакате повеќе...

А, за тоа како си поминавме на сафарито, во наредниот пост по изложбата.

© Chkrap!*2008





Иако традиционалниот датум на отворање (11 октомври) е поместен, сепак, најзначајната фотографска манифестација во Македонија ќе се одржи.
Отворањето на изложбата е закажано за 24 октомври 2008 година во Куманово.



ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКА ФОТОГРАФИЈА 2008
Организатори:
Фото сојуз на Македонија
Фото клуб КОЗЈАК– Куманово
НУЦК Трајко Прокопиев-Куманово



П Р О П О З И Ц И И

ТЕМА: СЛОБОДНА
Право на учество на изложбата имаат сите граѓани на Република Македонија, членови на клубовите при Фото сојузот на Македонија, самостојни автори и професионални фотографи.

Секој автор може да конкурира со максимум 10 фотографии. Во рамките на изложбата ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКА ФОТОГРАФИЈА 2008 ќе се одржи и младинска изложба. На младинската изложба право на учество имаат автори помлади од 27 години.

На задниот дел од секоја фотографија треба да се назначат податоците според Правилникот за изложби на ФСМ: име и презиме на авторот, наслов, фото клуб, адреса и звање во ФСМ, доколку го има авторот.

На фотографиите за младинската изложба треба да се назначи дека се за младинската изложба и треба да се напише годината на раѓање на авторот.

Ќе се примат црно-бели и колор фотографии во која било техника до формат 30х45 cm или изведени формати.

Фотографиите кои досега учествувале на претходните ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКА ФОТОГРАФИЈА нема да бидат прифатени за жирирање.

НАГРАДИ:
Трочлено жири ќе додели:

• Прва, втора и трета награда за колекција на фотографии
• Прва, втора и трета награда за поединечна фотографија
• Две дипломи за колекција на фотографии;
• Две дипломи за поединечна фотографија

КАЛЕНДАР:

Краен рок за прием: 06.10.2008
Жирирање: 10.10.2008
Отворање на изложбата: 24.10.2008
Враќање на фотографиите: 30.10.2008

Фотографиите да се испратат или достават на адреса:

НАРОДНА ТЕХНИКА – КУМАНОВО
“Тане Георгиев” бб
1300 КУМАНОВО

Организаторот го задржува правото на репродукција на примените фотографии за потребите на изложбата. Авторите гарантираат за авторството на користениот материјал. Секоја злоупотреба на авторски права е на лична одговорност на авторот.



Апел до сите фотографи од Македонија!
Не ја пропуштајте шансата да учествувате на ДЕНОВИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ФОТОГРАФИЈА!
Бидете и вие дел од славната традиција на клупската изложбена фотографија кај нас.




© “Чкрап!“*2008 / фотографии: Д.Неделчевски*2008



David Griffin: Photography connects us with the world




Преземено од http://www.ted.com/


Саудек во МСУ, септември 2008

links to this post 0 comments



Да, оваа изложба навистина не смее да се пропушти. И затоа Чкрап! беше таму. На изложбата на фотографии на Јан Саудек од Прага, (Чешка), во Музејот на современата уметност.
Ова е краток фото репорт од отворањето на изложбата на фотографии на Јан Саудек во Скопје...

















IN - фантастични, добри, необични, уникатни фотографии, многу пријатели (на фотографијата) со кои беше задовоство да се стретнеш и поразговараш, прекрасен изложбен простор, добар тајминг за изложба на фотографии...

OUT - на отворањето во галеријата беше неиздржливо топло (многумина го пропуштија званичното отворање и речта на министерката за култура Елизабета Канческа Милевска), скапи каталози, календари и книги од Јан Саудек, потпросечна понуда за освежување, еден од плакатите за изложбата во холот беше ставен наопаку...

In general - извонредна изложба, добра поставка, вреден културен (не само фотографски) настан.

Вие што не сте ја посетиле изложбата (а и Вие што бевте на отворањето - појдете и погледајте. Изложените фотографии се оригинали!)

© text & photos © Chkrap!*2008


За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!