Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap






Конечно, и Фото Сојузот на Македонија има свој сајт на интернет.
Повеќе детали за тоа во текстот доставен од Редакцијата на сајтот.
Адресата е http://www.fotosojuz.mk/


,,Фотографијата на тлото на Македонија е присутна повеќе од 150 години. Во таа долга историја, за жал, фотографијата беше запоставена и потценета.

Фото Сојузот на Македонија, со својот шест децениски ангажман, успеа да ја афирмира фотографијата во Македонија, и македонската фотографија надвор од Македонија, да ги анимира сите автори и почитувачи на овој медиум, во континуитет да работаат на афирмирање на овој вид творештво, на афирмација на авторската и клубската работа.

Со овој ангажман фотографијата денес стана рамноправен медиум со другите уметнички дисциплини, дел од културното творештво и културното милје кај нас, испитен предмет на нашите универзитети и изложбен експонат во нашите галерии.
Фото Сојузот на Македонија следејќи ги современите трендови на комуникација, отвори свој веб сајт: www.fotosojuz.mk, со цел да ја презентира македонската фотографија, македонските клубови и автори, да ги отвори службените и приватните архиви и колекции, и за прв пат во целосна форма да ја доближи македонската фотографија до Вас.

Но, ова е голема обврска. Ентузијастите во Фото Сојузот се свесни дека ваков обимен зафат може да се направи само со заедничко работење на сите оние кои ја сакаат и почитуваат фотографијата. Градењето на овој сајт е отворен процес за сите оние кои имаат желба и можност да помогнат, а тоа е во интерес на унапредувањето на македонската фотографија.

Скопје, мај 2010
Редакција на сајтот"*

Chkrap!*2010






Еве и званична покана до сите за 39-от Фестивал на непрофесионален филм - Кавадарци 2010 година.

Ова се званичните резултати по одлуката на жиритоЧ победниците и изборот на филмови што ќе бидат прикажани на отворањето на фестивалот.

GRAND PRIX: НЕУСПЕШЕН ЛЕТ (Богоја Стојкоски-Пусторекански)

ДОКУМЕНТАРНИ ФИЛМОВИ:
1. ИСЧЕЗНУВАЊЕ (Елизабета Галабова)
2. ’49 (СЕЌАВАЊЕ) (Светислав Подлешанов)
3. БЕЛГРАД ВИА ПРАЛЕВО (Љупчо Петровски)

1 МИНУТА:
1. „13“(Љупчо Петровски)
2. НЕ СЕ ДОДЕЛУВА
3. НЕ СЕ ДОДЕЛУВА

ИГРАНИ:
1. ПРЕСУДАТА (Кирил Каракаш)
2. НЕ СЕ ДОДЕЛУВА
3. СЛИКАТА (Марина Трајковска) - пријавен како експериментален

АНИМИРАНИ:
1. КОГА БЕВМЕ МЛАДИ (Мице Чаповски)
2. НЕ СЕ ДОДЕЛУВА
3. НЕ СЕ ДОДЕЛУВА

ЕКСПЕРИМЕНТАЛЕН:
1. НЕ СЕ ДОДЕЛУВА
2. НЕ СЕ ДОДЕЛУВА
3. НЕ СЕ ДОДЕЛУВА

НАГРАДИ ЗА:
СЦЕНАРИО: НИЗ ВРЕМЕТО (Петре Чапоски)
РЕЖИЈА: ПРЕСУДАТА (Кирил Каракаш)
КАМЕРА: ’49 (СЕЌАВАЊЕ) (Светислав Подлешанов)
МОНТАЖА: НЕУСПЕШЕН ЛЕТ (Богоја Стојкоски-Пусторекански)


ФИЛМОВИ ВО СЕЛЕКЦИЈА (РЕДОСЛЕД ЗА ПРОЕКЦИЈА):
1. ’49 (СЕЌАВАЊЕ)
2. ПРЕСУДАТА
3. КРАЗОТ НА ЧИЧКО ПРИКЕ
4. 13
5. ЈАС И МОИТЕ ЃУПЧИЊА
6. ЗАНАЕТИ ВО ИЗУМИРАЊЕ
7. НИЗ ВРЕМЕТО
8. ПОСЛЕДНА ИГРА
9. БЕЛГРАД ВИА ПРАЛЕВО
10. ПОРТИ И ПОТРАЛИ
11. СЕЌАВАЊЕ
12. КОНТЕЈНЕР
13. УБИЕЦ НА ИДЕИ
14. ЗДОДЕВНО МОМЧЕ
15. СЛИКАТА
16. ИСЧЕЗНУВАЊЕ
17. КОГА БЕВМЕ МЛАДИ
18. НЕУСПЕШЕН ЛЕТ

Жири:
Илинденка Петрушева, Претседат
Лазар Секуловски, член
Ристо Соколов - Сокол, член


Повелете!

© Чкрап!


За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!