Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



Зоран Андонов - Фотографии

links to this post 0 comments



Зоран Андонов, фотограф од Чкрап!, на 29 февруари 2008 година ќе и се претстави на тетовската (и македонската) јавност со изложба на фотографии.



Изложбата е посветена на 20 години од фотографското творештво на Зоран Андонов.
Авторот ќе се претстави со четириесетина фотографии создадени во изминативе 2 децении.
Ова е негова трета самостојна изложба.

Изложба 29.02.2008
Место на случување, МАЦ - Лоја Тетово.
Дата: 29.02.2008
Време 19:00h

Повелете!


Американска архитектура покрај патот

links to this post 0 comments

На 21 февруари 2008 година во Националната уметничка галерија во Тетово беше отворена изложба на фотографии.



“Изложбата Американската архитектура покрај патот претставува фотографии од Џон Марголис, историчар на архитектурата и фотограф кој 25 години патувал низ САД, истражувајќи ги патиштата на историјата и архитектурата покрај патот...“

Овој цитат е copy-paste од каталогот на изложбата. Да не беше тој, не ќе знаевме ништо за изложбата, затоа што реализаторите на изложбата: Амбасадата на САД во Република Македонија во соработка со Музејот на град Скопје, Заводот за заштита на споменици, Музеј од Штип и Националната галерија во Тетово, на отворањето на изложбата не кажаа ниту збор на македонски јазик, ниту пак обезбедија преведувач од албански јазик.











Инаку, фотографиите беа, онака, баш straight, совршено остри, во full color и одлично отпечатени. Објектите, без луѓе на фотографиите, делуваа доста надреално, но необичниот пејсаж и техничката совршеност на 50-ината фотографии беа доволна причина, во фотографски посниот период во Тетово, да се посети оваа изложба.


За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!