Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



Фото група „Чкрап!“ Тетово, 31.08.2013


E-mail this post



Remember me (?)



All personal information that you provide here will be governed by the Privacy Policy of Blogger.com. More...















Ние, членовите на Фото групата „Чкрап!“ од Тетово, се сретнавме на кратко последниот ден од август 2013-та година. Иако секојдневно сме заедно, се дружиме, фотографираме, постираме и изложуваме фотографии, разменуваме размислувања и линкови за фотографијата... имаше неколку важни теми за кои требаше да поразговараме (малку) посериозно. Една од поважните теми беше организацијата на годинешнава изложба на фотографии. Имавме чест, гостин на средбата да биде Александар Кондев, стар волк, фотограф и едукатор, член на ИО на Фото Сојузот на Македонија и пријател на „Чкрап!“.

Оваа година „Чкрап!“ обележува 10 година од своето постоење. Во меѓувреме низ него поминаа преку 70 луѓе, фотографи или оние кои мислеа дека сакаат да бидат тоа, како и многу љубители на фотографијата. Јадрото на „Чкрап!“ брои околу 15-ина активни членови. Досега во Тетово беа организирани 10 групни (клупски) изложби на кои ибеа изложени преку 500 фотографии. Тие беа посетени од преку 1000 посетители. Некои членови имаа и неколку самостојни изложби на фотографии. Многу од нив учествуваа(т) на разни Фото конкурси и изложуваат на домашни и меѓународни изложби. Понекогаш и добиваат награди за тоа. Оваа година на Деновите на македонската фотографија во Скопје, тројца членови од „Чкрап!“ беа наградени. Сето ова го прават за свое задоволство, но очигледно е дека тоа им се допаѓа и на луѓето кои, едноставно, ја сакаат фотографијата. И тоа е добро.
На некои фотографијата им стана занимање и сега живеат од неа. Некои и понатаму фотографијата ја работаат аматерски, за ќеиф...

Годинава решивме изложбата на фотографии на „Чкрап!“ да ја направиме во октомври месец, со подршка на НУ Музеј на тетовскиот крај - Тетово и Фото Сојузот на Македонија, а по повод 11 Октомври, денот на востанието на Македонија против фашистичката окупација. Изложбата ќе биде отворена на 10 октомври 2013 година во 19.00 часот во НУ Музеј на тетовскиот крај - Тетово.
Наредниов период ќе следат дополнителни информации...

© Chkrap! * 2013


Links to this post:

<\$BlogItemBacklinkCreate\$>


0 Responses to “Фото група „Чкрап!“ Тетово, 31.08.2013 ”

Leave a Reply

      Convert to boldConvert to italicConvert to link

 


За нас

Previous posts

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!