Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



Дискусии за резолуцијата

links to this post 0 comments

Дали се сеќавате колку пати сте се сретнале со прашањата: Колкава резолуција е потребно да се има за да се испечати толку и толку голема фотографија? Дали барањата ви изгледале преголеми? Дали сте помислиле дека многуте мегапиксели со кои располагате не ви се доволни? Од кое растојание да се набљудува фотографијата за да не се забележи недостаток на детали?
Во повеќе наврати и во ФКК Тетово паднало збор за ова, но секогаш останал впечатокот на недореченост и енигматичност. Всушност се работи за поврзани вредности. Овој проблем сум го дискутирал и со мојот почитуван колега по професија и хоби Петар Чичев. Тој ја зачна идејата за дефинирање на вредностите преку агол на посматрање. Се работи всушност за аналогијата со проектирање на слика (нпр. слајд). Колку голема може да биде сликата која се проектира? Произволно голема. Но ќе треба да се оддалечиме за да ја видиме во целост. Аголот на проекција (набљудување) останува ист. За да не ве замарам со тригонометрија, изработив калкулатор во MS Excel кој го имате на линкот: http://www.apfelypsilon.de/RezKalk.xls. Ќе ви даде одговор на горните прашања.

Chkrap!


Чифте Амам, 10 ноември 2006

links to this post 0 comments

Денови на македонската фотографија, 44-ти пат!




А, таму и ние од Chkrap!













Денес, на 10 ноември 2006 година, во 20.00 часот, во Чифте Амам во Скопје. ќе биде отворена 44-та изложба на фотографии - ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ФОТОГРАФИЈА.
фотографиите што ќе бидат изложени претставуваат пресек на македонската фотографија денес. Каде е таа денес? Како ќе се развива понатаму? Да ли ги следи светските трендови? Се случува ли навистина нешто вредно и интересно на ова поле кај нас?
Дел од одговорите побарајте ги вечерва - дојдете на отворањето на изложбата. Има и каталог (за разлика од 42-та изложба - Охрид 2004, која можеби е единствената која помина без издаден каталог!)


За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!