Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



"КУМАНОВО 2006"

links to this post 0 comments



Од 19 октомври 2006 до 1 ноември 2006 година во Куманово се одржува 21-та изложба на уметничка (sic!) фотографија “КУМАНОВО 2006“.
Во сиромашната понуда на настани за и околу фотографијата во земјава (изложби, семинари, книги за фотографија...), ентузијазмот на фотографите од ФК “Козјак“ од Куманово, пред се на Душан Доцевски и Марјан Јаневски, е за секоја пофалба.
Иако не без проблеми и напори, (па дури зачинета и со еден мал “скандал“ - откривањето на фотографија - плагијат!), тие сепак успеаја во своите намери. Со учество на скромен број клубови од Mакедонија и со учество на фотографите од соседна Србија - изложбата бидна со сите нишани.
Еве неколку “скенови“ од каталогот и дел од еден напис во еден дневен весник - се во врска со изложбата.
Браво за кумановци!









© Chkrap!*2006


Wedding photography

links to this post 1 comments




Wedding photography - На што ве асоцира ова при првата помисла? Уштиркани, предвидливи, кич-блиц фотографии и море од фотографии на младенците со сите 500 гости?
За среќа не е секогаш така, и постојат луѓе кои овој тип на фотографија ја довеле до вистинско "fine-art" ниво. Уште повеќе, многу од овие фотографии може да се набљудуваат како независни кадри со висока естетика.
Jeff Ascough е еден од петте најдобри wedding фотографи на светот, спрема истражувањето спроведено од страна на BBC. Уживајте: http://www.jeffascough.net/main.html


Изложба сепак ќе има! :)

links to this post 1 comments



Конечно добри вести! Денови на македонската фотографија 2006 - сепак ќе се одржи, најверојатно кон крајот на наредната недела (околу 19-20 октомври) во Чифте амам во Скопје.


Најнови (тажни) вести од Скопје :(

links to this post 1 comments



najnovi vesti!!! izlozbata nema da bide vo vtornik. mozebi nekade narednata nedela. nemalo pari. (a mozebi i voopsto nema da ja bide)

Оваа жална и срамна вест ја добивме од извори блиски до Фото сојузот на Македонија и Народна техника на Македонија.

После откажувањето на организацијата на престижната изложба на фотографии под покровителство на FIAP - ФОТОМЕДИА, на неодредено време е одложена и најстарата фотографска манифестација во Македонија - Денови на македонската фотографија - 2006! Срамота за сите фотографи од Македонија, за сите институции и организации кои имаат допирна врска со фотографијата...



Со кусо задоцнување ги добивме фотографиите од Валентино Ристевски - фотограф, кој од жирито на Денови на македонската фотографија 2006 ја доби првата награда за колекција на фотографии.
Валентино наградата ја освои сосема заслужено. Неговата колекција отскокнуваше од сите други како по изборот на темата, начинот на обработка на темата и фотографиите, како и целосната презентација на неговиот фотографски труд.
Фото кино клуб ТЕТОВО ака Chkrap! му честита на победникот!


"Kane" © V.Ristevski


"Tretin" © V.Ristevski


"Udolnica" © V.Ristevski


"Zatvor" © V.Ristevski


За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!