ОСНОВИ НА ДИГИТАЛНА ФОТОГРАФИЈА
Место:
Македонски центар за фотографија
Времетраење: 25.10.2013 до 03.11.2013 година
Обучувач: Драги Неделчевски
Цена: 5800 денари (во цената се вклучени 20 работни часа)
Рок за пријавување: 24.10.2013 (четврток)
Контакт: Лидија Пајевиќ, 071 309 993
Краток опис на курсот
Курсот има за цел да ги воведе учесниците во основите на дигиталната фотографија преку обработка на следниве содржини: појава на дигиталната фотографија; дигитални фото камери, мемориски картички, сензор и објектив; креативна употреба на експозицијата; боја и температура на боја; формати на эапис: RAW, TIFF, JPEG. Курсот опфаќа предавања, демонстрации и практични вежби преку кои учесниците ќе се стекнат со теоретски знаења и практични вештини за изработка на дигитални фотографии. На крајот од курсот ќе се одржи презентација на најуспешните фотографии.
Кратка биографија за обучувачот
Драги Неделчевски (роден 1958) е соработник на Македонскиот центар за фотографија. Во 1980 година го основал Фотокино Студиото во Тетово. Во 2003 година го основал Фотокино клубот „Тетово“, подоцна Фото групата „Чкрап!“ од Тетово. Има одржано 6 самостојни изложби во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина. Учествувал на многу групни изложби вклучувајќи ги Фотомедиа и Денови на македонската фотографија, како и на групните изложби на Фото групата „Чкрап!“. Добитник е на повеќе награди за фотографија. Носител е на звање Фотограф I класа. Има снимено неколку краткометражни документарни и експериментални филмови.
ПРОГРАМА ЗА РАБОТА
25.10.2013 (петок) 19:00 – 21:00
Теоретски дел. Појава и развој на дигиталната фотографија. Сличности и разлики меѓу класичната и дигиталната фотографија. Најзначајни имиња во фотографијата. Основни елементи на дигиталните фото камери. Објективи, поделба и карактеристики. Предавањето е пропратено со визуелна презентација и демонстрации.
26.10.2013 (сабота) 11:00 – 15:00
Теоретски дел. Креативна употреба на објективите. Основи на светло и композиција. Начини на одредување експозиција. Боја и температура на боја. Формати на запис: RAW, TIFF, JPEG. Предавањето е пропратено со визуелна презентација и демонстрации.
27.10.2013 (недела) 11:00 – 15:00
Теоретски дел. Креативна употреба на светло и композиција.
Практичен дел. Креативна употреба на светло и композиција во пракса. Заедничко фотографирање во екстериер на однапред договотена тема.
Во периодот од 28.10.2013 до 31.10.2013 слушателите фотографираат самостојно или во група врз основа на насоките од обучувачот.
01.11.2013 (петок) 19:00 – 21:00
Практичен дел. Пренос на снимените фотографии во компјутер. Анализа на фотографиите и обработка на снимениот материјал во Photoshop.
02.11.2013 (сабота) 11:00 – 15:00
Практичен дел. Анализа на фотографиите и обработка на снимениот материјал во Photoshop.
Во текот на викендот слушателите повторно сами фотографираат доколку, врз основа на предходната анализата, оценат дека имаат потреба од нов материјал.
03.11.2013 (недела) 11:00 – 15:00
Практичен дел. Избор на најдобри фотографии за изложбата. Дигитална обработка на фотографиите. Подготовка на фотографиите за презентација.
© Chkrap!*2013
0 Responses to “ОСНОВИ НА ДИГИТАЛНА ФОТОГРАФИЈА”
Leave a Reply