Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap






Денови на македонската фотографива 2010 - Кавадарци, 23.10.2010 година...

















Фотографии © З.Андонов

Chkrap! * 2010


Ен Картие-Бресон во Скопје

links to this post 0 comments



Македонскиот центар за фотографија и
Националната галерија на Македонија
Ве покануваат на конференција
“Заштита и дигитализација на фотографското културно наследство“
Програма:
Вторник, 12. октомври,
20:00
изложба на фотографии на БРАЌА МАНАКИ
21:00
“Колаборативна студија за фотографиите на АНРИ КАРТИЕ-БРЕСОН“
предавање на Ен Картие-Бресон, директор на Ателјето за реставрација и конзервација на фотографии на градот Париз
Среда, 13. октомври
10:00 – 16:00
презентации и јавна дебата
учесници: Ен Картие-Бресон (Франција), Бранко Гавриќ (Србија)
Зоран Петровски, Валентино Димитровски, Мими Ѓоргоска Илиевска
и Роберт Јанкулоски
Мултимедијален центар Мала станица
Конференцијата се одржува во рамките на проектот “Поинаков поглед“ кој е поддржан од Швајцарската програма
за култура Западен Балкан
Македонски центар за фотографија, Железничка 18 (Мала станица) МК – 1000 Скопје, 071 309 993





Вчера, на 7 октомври 2010 година во Музејот на град Скопје се одржа жирирањето за "Денови на македонската фотографија 2010" што ќе се одржат во Кавадарци при крајот на октомври 2010 година.
























Жирито во состав: Цветан Гавровски (КМФ ФСМ), Боро Рудиќ (КМФ ФСМ) и Душко Јовановски (КМФ ФСМ) го донесе конечниот суд и ги одбра и награди најдобрите колекции и поединечни фотографии од (главно) годинешнава продукција на македонските фотографи.
На јавното жирирање присуствуваа повеќе фотографи од Скопје, Куманово, Тетово, Битола, Штип... Интересен е фактот дека сите наградени фотографии се изработени во црно-бела техника!

Резултатите од гласањето на жирито може да ги преземете тука.

Повелете на свеченото отворање на изложбата на 23 октомври 2010 година во Кавадарци.

© Chkrap! * 2010


ФОТО САЛОН - КУМАНОВО 2010

links to this post 0 comments













А таму...

На престижната 5та Меѓународна Изложба на Уметничка Фотографија, која се одржа во Куманово – Фото Салон Куманово 2010 во слободна тема пристигнаа 262 автори со 1038 фотографии од 47 земји. Во тема Природа пристигнаа 167 автори со 651 фотографии од 42 земји. Вкупно пристигнатии автори 273 со 1689 фотографии од 49 земји.
Жири членовите Милојевиќ Раша / КМФ ФСС, EFIAP, EsFIAP – Србија; Гавровски Цветан / КМФ ФСМ – Македонија; Рудиќ Боро / КМФ ФСМ – Македонија ги наградија и избраа за влез следниве фотографии:

Награди:
Најдобра LIFE Фотографија “Живко Јаневски”: Irena Jovanovska (The land of lines)

FIAP Златен медал за колекција: Paul Martin (Asecension, La une au vent, Perplexite)
FIAP Сребрен медал за колекција: Luciano Maccheronil (Eroi del fango 10, Eroi del fango 9, Eroi del fango 7, Eroi del fango 6)
FIAP Бронзен медал за колекција: Dragoslav Mirkovic (Ana 3-3, Ana 41-2, Ana 31-8, Ledi 703-2)
FIAP Диплома за колекција: Mohammed Alshaikh (Mother in Black, Taper Shadow, The Old Mile)
FIAP Диплома за колекција: Zoran Djordjevic (On morning service, Life is my TV, Warshawa-family)
FIAP Диплома за колекција: Luis Alberto Franke (En la Pulperia de Cacho, El Pan Nuestro de Cada Dia, De Bueyes Perdidos, Un Descanso y unos Mates)

FIAP Златен медал за поединечна фотографија: Rimon Mohammed (Fisher boy)
FIAP Сребрен медал за поединечна фотографија: Istvan Kerekes (The look)
FIAP Бронзен медал за поединечна фотографија: Ivan Aleksic (01)
FIAP Диплома за поединечна фотографија: Valeriy Tretyakov (Playground)
FIAP Диплома за поединечна фотографија: Fausto Banino (Against light toold village)
FIAP Диплома за поединечна фотографија: Dejan Gileski (Pelivani 2)

FIAP Златен медал на тема Природа: Laszlo Dezslo (The frosen troop)
FIAP Сребрен медал на тема Природа:Eero Huata-aho (Water drops)
FIAP Бронзен медал на тема Природа:Aleksander Cufar (Flowers-1000)
FIAP Диплома на тема Природа:Dimitar Chungovski (Chaos In The Water)
FIAP Диплома на тема Природа:Dejan Kolevski (H-3)
FIAP Диплома на тема Природа:Janez Papez (Zajcja Ljubezen)

© Chkrap! *2010


За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!