Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



ФОТОГРАФИИ 2009 - а таму...

links to this post 0 comments

Еве еден краток фото рапорт од ФОТОГРАФИИ 2009...



Пред отворањето на изложбта, фотографите од “Чкрап!“ со фотографија долга 2,5 метри (фото - Игор Ѓорѓевски), и маски на лицето, го изразија својот протест против немилосрдното труење на граѓаните на Тетово од чадот и неподносливата смрдеа што се шири од дивата депонија на железничката станица... на само 50-на метри од првите куќи од градот.



13 фотографи од клубот се претставија со вкупно 43 фотографии. Тоа беа најуспешните фотографии од годишнава продукција кои освоија многу награди на конкурсите во Македонија и надвор од неа.

“Чкрап!“ има своја публика која и овојпат дојде во голем број да ги види нашите "The Best of..." фотографии.

На ЦБЦ ЛОЈА и на публиката им благодариме за подршката.
Секако и на нашите драги колеги од “ЕЛЕМА“, Фото групата “Пиколомини“ од Скопје и
“Козјак 50“ од Куманово кои го увеличаа овој празник на фотографијата...









ОК. Сега еве неколку фотографии од изложбата.


Александар Стојановски - Цули


Борче Сиљјаноски


Давор Спасоски


Дарко Наумоски


Драги Неделчевски


Елена Трпчевска


Мирче Новаковски


Ѓорѓи Ристоски


Игор Ѓорѓевски


Гоце Димитриевски


Андреа Ѓорѓески


Самир Љума


Зоран Андонов

Еве го и прилогот од ТВ Менада од Тетово за изложбата...




© Chkrap! * 2009





На 15-ти декември 2009 година (вторник), во 18.30 часот, во Центарот за балканска соработка ЛОЈА од Тетово, ќе биде отворена традиционалната годишна изложба на фотографии на членовите на Фотокино клубот “Чкрап!“ од Тетово. На оваа, шеста по ред изложба, ќе се претстават 13 фотографи од “Чкрап!“ со околу 60-ина фотографии.

Ги покануваме сите вљубеници во фотографијата да дојдат на нашата изложба, да уживаат во фотографиите, да се сретнат со своите колеги и пријатели и да заминат побогати со уште едно прекрасно визуелно искуство...



Повелете, Ве чекаме!



© Chkrap! * 2009


ФОТО САЛОН Куманово 2009

links to this post 0 comments



На 5-ти декември 2009 година во Уметничката галерија во Куманово во организација на ФКК “Козјак 50“ од Куманово беше отворена “4-та Изложба на уметничка фотографија“ Фото салон Куманово 2009, под патронат на FIAP, PSA и Фото сојузот на Македонија.

Тричленото жири во состав: Боро Рудиќ, Раша Милојевиќ и Цветан Гавровски одбра 154 фотографии од пристигнатите 810 фотографии на Конкурсот со слободна тема (FIAP) и тема “Природа“ (PSA).

Беа доделени медали и дипломи за поединечна фотографија и за колекции, како и специјални награди.

Првата награда за најдобра фотографија или Best LIFE Photo „Живко Јаневски“, ја доби Глигор Максимовски од Македонија

За слободната тема беа наградени следните автори:
Првата награда (FIAP златен медал) за фотографија ја доби Виктор Кукош од Франција
Втората награда (FIAP сребрен медал) за фотографија ја доби Лусјен Вијкманс од Белгија

Третата награда (FIAP бронзен медал) за фотографија ја доби Владимир Арсовски од Македонија
Првата награда (FIAP златен медал) за колекција ја доби Сања Николиќ од Македонија

Втората награда (FIAP сребрен медал) за колекција ја доби Марк Аперс од Белгија

Третата награда (FIAP бронзен медал) за колекција ја доби Драги Неделчевски од Македонија

За темата “Природа“ беа наградени следниве автори:

PSA златен медал: Драго Метљак од Словенија
PSA сребрен медал: Филип Кван од Канада
PSA бронзен медал: Кит Вир Греган од Англија

За бројот на авторите, бројот на фотографиите како и за имињата на наградените, детално можете да се информирате ТУКА.











































Изложбата беше одлично организирана, добро посетена и беше вистински празник на фотографијата. Браво за кумановци! Се гледаме следната година на ФОТО САЛОН Куманово 2010!

© Chkrap! * 2009


За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!