Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



Заедно за младите

links to this post 0 comments

Денес (24.08.2006) во Театарот “Мала станица“ во Скопје ќе бидат доделени наградите од конкурсот за фотографии што го организираше Британскиот совет во соработка со Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија.
Првата награда и сума од 500 евра ќе му припадне на Драган Дановски од Куманово. Втората награда во вредност од 300 евра ќе му припадне на Иван Блажев од Скопје, а третата награда за фотографија и 200 евра, на фотографот од Фото кино клуб ТЕТОВО - Зоран Бојаџиевски!
Им честитаме на наградените фотографи!


Давор Спасоски - фотограф

links to this post 1 comments



Давор Спасоски е фотограф и член на Фото кино клубот ТЕТОВО.
За кратко време од фотограф - ентузијаст израсна во вистински мајстор на современата фотогарфија.
За него допрва ќе се чуе, а во неговите фотографии уживаме веќе неколку години. Префинет, со високо изградено (и вродено) чувство за суштинските елементи на (современата) фотографија, тој на маестрален начин ги соединува своите големи технички познавања и естетското во фотографијата.

Своето кратко туристичко патување во Минхен летово, Давор го претвори во едно мало фотографско истражување. Цел на неговиот објектив не беа општо познатите визури на Минхен, туку едно интимно доживување на градот. Големината, урбаната совршеност, ритамот на градот, па и осаменоста на човекот, се предмет на неговиот објектив.

форма...







ритам...







човек...







Фотографии © Давор Спасоски 2006
Photographs © Davor Spasoski 2006


Летна шема

links to this post 0 comments



5 до 12!



Крајно време е за нов пост. Лето е. На “фотографската сцена“ во Тетово (во наводници, затоа што таа во Тетово и не постои), ништо не се случува. Или скоро ништо. Можеби јас, што сум повеќе дома, пред компјутерот, и не знам дека нешто се случува. Ете С.Љ е на пат во далечните земји. Сигурно го зел фото апаратот со себе и фотографира. Не знам. Ѓ.Р. слушам купил нов Canon. И тоа класичен, со филм! Д.С. во тајност сигурно нешто подготвува (ќе видиме наесен!). Н.Ѓ. главно посетува фото - портали и се одушевува на фотографиите што ги направил некој друг... и така. Д.Н. додека размислува за изложбите на фотографии што го чекаат зимава, го фотографира Леонардо, водна желка оставена на чување додека З.А. е на годишен одмор...





Летото привршува, отворете ги очите,на есен, сепак, ќе гледаме добри фотографии!

Dixi et animam, meam salvavi!

фотографии: д.неделчевски*2006


За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!