Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



Среќна Нова 2011 година!

links to this post 0 comments


ФОТОГРАФИИ 2010 - кус репорт

links to this post 0 comments



Кус фото репорт од изложбата на фотографии на Фото групата “Чкрап!“ отворена на 23.12.2010 година во 19.00 часот во Музејот на тетовскиот крај.

























“Чкрап!“ на сите пријатели им ја честита Новата 2010 година и им посакува мнооооогу добри фотографии во 2011 година (покрај доброто здравје и личната среќа...)

© Chkrap! * 2010


Најава

links to this post 0 comments

Изложба на фотографии... денес 23.12.2010 година.... Чкрап!


ФОТОГРАФИИ 2010 на 23.12.2010 година

links to this post 0 comments



Фотокино клуб ,,ТЕТОВО“ – “Чкрап!“ * Тетово
Во далечната 1980 година група ентузијасти – фотографи од Тетово (Илија Милановски, Драги Неделчевски, Зоран Андонов и други), во Домот на културата “Иљо Антески – Смок“ од Тетово, го основаа Фотокино Студиото како матична дејност во Домот.
Иако и порано во Тетово имало фото клубови и луѓе кои активно фотографирале и изложувале фотографии на изложби, “Студиото“ за првпат ја негуваше фотографијата на еден сериозен, активен, креативен и современ начин. Имаше комплетна лабораторија за црно-бела фотографија. Често се организираа изложби на фотографии (групни и самостојни) на членовите на “Студиото“. Во 1995 година “Студиото“, (кое беше дел од Ликовното ателје при Домот на културата под раководство на академскиот сликар Александар Настески), беше домаќин на најпрестижната изложба на фотографии во Македонија – Денови на македонската фотографија. Со промените кои се случија во Македонија и Тетово во 2001 година, на почетокот на 21-от век, Фотокино Студиото (неговите членови и сета нивна опрема) беа исфрлени од просториите на Домот на културата. Фотографите останаа без фото лабораторија, без простор за работа и изложување фотографии...
Поминаа неколку години. Кај членовите на “Студиото“ постоеше желба да се продолжи со работа. Во меѓувреме во светот на фотографијата се случија крупни, револуционерни промени. Дигиталната фотографија се повеќе ја истиснуваше аналогната, процесорите ги заменија филмовите. Со експанзијата на интернетот и евтините дигитални фото камери, фотографијата стана достапна до многумина. Младите се заинтересираа за фотографијата. Сé повеќе живеевме во светот на “сликите“...
Членовите од некогашното Фотокино Студио, Драги Неделчевски и Зоран Андонов, заедно со Самир Љума и неколку други ентузијасти од Тетово, со поттик и помош од нивните пријатели – фотографи од Скопје и Фото сојузот на Македонија, тогашниот претседател на Фото сојузот на Македонија – Цветан Гавровски и секретарот на Кино сојузот на Македонија – Роберт Јанкуловски, кон крајот на 2003 година го основаа Фотокино клубот “ТЕТОВО“. Клубот беше регистриран како здружение на граѓани и веднаш стана член на Фото сојузот на Македонија преку Народна техника на Македонија (НТ). Клубот имаше убави услови за работа во просториите на НТ во Тетово. Од 2004 година Фотокино клубот “ТЕТОВО“ е познат како Фотокино клуб “Чкрап!“ од Тетово. За претседател на клубот беше избран Драги Неделчевски, а за секретар беше избран Самир Љума. Миодраг Николиќ – Панта беше избран за почесен член на “Чкрап!“, а клубот му додели признание за неговото фотографско дело.
За кратко време во клубот се зачленија преку 50-ина нови (повеќето млади) членови, а праксата на зачленување млади членови траеше долги години. Веќе во април 2004 година во Основното музичко училиште “Тодор Скалоски – Тетоец“ од Тетово беше организирана првата заедничка изложба на фотографии на членовите на клубот. Таа 2004 година, во истото училиште, клубот беше домаќин на Државниот фестивал на непрофесионален и аматерски филм како соорганизатор на Кино сојузот на Македонија.
За неколку години “Чкрап!“ стана важен дел од фотографското живеење во Тетово и Македонија. Се одржуваа средби, разговори и семинари за фотографијата. Повеќе членови на “Чкрап!“, меѓу кои повеќето млади фотографи, постигнаа големи успеси на изложбите на фотографија во Македонија и во странство, освојувајќи награди со своите фотографии. Благодарение на излагачката активност неколкумина се здобија и со звања - фотографи од втора класа. Експериманталниот филм “Мојот ангел“ и краткиот документарен филм “Тајната“, во режија на Драги Неделчевски беа наградени на фестивалите во Македонија... Покрај Драги Неделчевски, Зоран Андонов, Самир Љума, имињата на Давор Спасоски, Ѓорѓи Ристоски, Дарко Наумовски, Мирче Новаковски, Александар Стојановски-Цули, Мимоза Велиу, Васе Петровски-Аманито, Зоран Бојаџиески, Андреа Ѓорѓески, Борче Сиљјаноски, Гоце Димитриевски и Игор Ѓорѓевски, се почесто се спомнуваат на македонската фотографска сцена...
Секоја година, во месец декември се одржува годишната изложба на фотографии на членовите на клубот. Таа стана веќе традиционална и секогаш го привлекува вниманието на медиумите и публиката. Овие изложби како и сите состаноци на клубот, проекции на документарни филмови за фотографијата и фотографски работилници се одржуваа во Центарот за балканска соработка “Лоја“ од Тетово со кого “Чкрап!“ имаше убава соработка 5 години...
Од 2009 година почна и соработката со НУ – Музеј на тетовскиот крај, со изложба на фотографии на 6 фотографи – членови на “Чкрап!“. Клубот активно соработува и со другите фотоклубови од Македонија, Фото сојузот на Македонија, Кино сојузот на Македонија, Македонскиот центар за фотографија...
Од 2004 “Чкрап!“има и свој блог на http://www.chkrap.blogspot.com. Во 2008 и 2009 година Драшко Серафимовски ја уредуваше и одржуваше веб страницата на клубот којашто беше сериозна, одлично дизајнирана и богата со сдржинина.
Фотокино клубот “ТЕТОВО“ од Тетово престана да постои на 5-ти ноември 2010 година. Од тогаш, малубројната дружина најпосветени фотографи од поранешниот клуб работаат и изложуваат како неформална група фотографи - “Чкрап!“ од Тетово.
Фотографите од “Чкрап!“ и оваа, 2010 година продолжуваат да фотографираат, изложуваат, едноставно, живеат со фотографијата и за фотографијата, се изградуваат како фотографи, ги следат современите трендови, ги подигаат стандардите на визуелната култура... а сето тоа го прават скромно и тивко, а со “чкрапањето“ на своите фотокамери оставаат трајни траги во македонската фотографија.
На изложбата “ФОТОГРАФИИ 2010“, фотографии изложуваат: Самир Љума, Борче Сиљјаноски, Андреа Ѓорѓески, Давор Спасоски, Гоце Димитриевски, Игор Ѓорѓевски, Мирче Новаковски, Мимоза Велиу, Зоран Андонов и Драги Неделчевски.



Изложбата ќе биде отворена на 23.12.2010 година во НУ Музеј на тетовскиот крај во Тетово во 19.00 часот. Повелете!

© Chkrap! * 2010


Нашите во Стамбол

links to this post 0 comments

Почитувани,
Со особена чест и эадоволство Ве покануваме на премиерата на документарниот филм НАШИТЕ ВО СТАМБОЛ на Елиэабета Конеска.



Филмот е во продукција на МЦФ Продукција, сценариото и режијата е на Елиэабета Конеска, директор на фотографија е Роберт Јанкулоски, мотнтажата е на Блаже Дулев. Филмот е сниман во текот на 2009 и 2010 година во Истамбул. Постпродукцијата е работена во Кваэар филм. Филмот е реалиэиран со финансиска поддршка на Филмскиот фонд на Македонија.

Ова е 13 документарен филм на Елиэабета Конеска. Меѓу другите таа е автор на филмовите: Звукот на чеканот (2000) награда эа најдобра камера на 9.Меѓународен фестивал на етнолошки филм во Белград, Адак (2003), Бекташи - Влеэи и види (2005), добитник на наградата Јилмаэ Гунеј на Фестивалот эа култура и уметност во категорија кусометражни филмови во Истанбул во 2008 година, Мир на сите (2007) добитник на Гран при на 16. Фестивал на етнолошки филм во Белград. Нејэините филмови се прикажувани на повеќќе европски фестивали во неколку држави: Италија, Романија, Франција, Турција, Бугарија, Велика Британија, Германија, Унгарија, Србија, Словенија како и во Индија.

Премиерата ќе се одржи во кино салата на Кинотеката на Македонија на 15 декември (среда) во 21 часот.


За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!