Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap




Современата македонска фотографија ќе се претстави на 50-тото, јубилејно, издание на манифестацијата Денови на Македонската Фотографија.



Денови на македонската фотографија го претставуваат пресекот на македонското фотографско творештво во тековната година и е најстара фотографска манифестација во државава.
Во просториите на Мала станица ќе бидат изложени околу 120 фотографии од овогодинешната селекција, како и омаж на доајенот на македонската фотографија Благоја Дрнков, за одбележување на неговото капитално фотографско дело.
Отворањето на изложбата ќе биде на 03.јули.2012, вторник, во мала Станица, со почеток во 20:30 часот.

Вистински денови на македонската фотографија на Скопско лето.
Во програмата на Скопско лето, покрај Деновите на македонската фотографија, се поставуваат уште две фотографски изложби.



Во понеделник, 02 јули, во Чифте амам, со почеток во 20:30 часот ќе биде отворена групната изложба на фотографии со наслов F9. Карактеристична по тоа што ќе претстави само женски автори од Македонија, а ги опфаќа делата на: Маја Јаневска-Илиева, Јасна Суша, Мимоза Велиу, Татјана Ранташа, Ива Димеска, Фросина Илиевска, Маја Аргакијева, Ирена Мила и Катерина Ристовска – Николов.



Во Мала станица на 5 јули, со почеток во 20:30 ќе биде отворена самостојната изложба на Сања Николиќ-Бутерин насловена Урбан човек.



Еве неколку фотографии од отворањето на изложбата.

******


Мимоза Велиу и Драги Неделчевски


Претседателот на ФСМ, Боро Рудиќ на Д.Неделчевски од Фото групата „Чкрап!“ му го доделува звањето „Ф1-ФСМ“


Претседателот на ФСМ, Боро Рудиќ на З.Андонов од Фото групата „Чкрап!“ му го доделува звањето „Ф1-ФСМ“


Од отворањето на изложбата


Од отворањето на изложбата


Од отворањето на изложбата


Боро Рудиќ, Цветан Гавровски и Дарко Петровски


Александар Кондев, Оливера и Александра Новески


Публика


Уште еден доказ дека фотографијата лаже... Шега. Раде Луковиќ и Драги Неделчевски.



Фотографии: Д.Неделчевски и З.Андонов
© Chkrap! * 2012


Подај рака, подај нокт

links to this post 0 comments



“Драги Неделчевски, роден таму и таму, учел тоа…. Тетоец…. фотограф… еден откачен и драг лик, кој секогаш воајерски се шуња и како да го бара својот кадар каде и да оди. Насмеан, срдечен, луциден, полн со енергија.” – така напишаа plagijat пред извесно време за денешниот Наш гостин во рубриката или категоријата македонски фотографи. Мене ми е познат од facebook, неговата приказна допира до секој еден кој поразговарал повеќе од 5 минути со него. Денешната фотографија има наслов ИГРА, додирнува многу теми, носи некоја интима полна со емоции, секакви, впрочем рацете испомешани меѓусебно тежнеат за еден дијалог, ваков се надевам ќе ви понудиме Вам. Повеќе...

Автор: Митко Гогов - aka kihuPotru [1983] e концептуален уметник, поет и младински/ граѓански активист. Блогер, отворен за соработка. #culture #art #media

© Chkrap!*2012





Изложбата на фотографии „ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ФОТОГРАФИЈА 2012“ годинава ќе биде дел од понудата и на Скопско лето 2012.
Отворање на изложбата е на 3 јули 2012 година, во 20.30 часот, во галеријата во Мала Станица.

Годинашниве ДЕНОВИ... ќе бидат збогатени со уште три изложби на фотографии.

На 2 јули 2012 година во 20.30 часот во Чифте Амам ќе биде отворена изложбата на фотографии 9F (девет женски автори, меѓу кои и Мимоза Велиу, член на Фото групата „Чкрап!“ од Тетово), како дел од Скопско лето 2012.

На 3 јули 2012 година, покрај изложбата „Денови на македонската фотографија“, како пратечка манифестација ќе биде прикажана мала ретроспектива на нашиот фоотографски доајен, неодамна починатиот Благој Дрнков, во организација на Фото сојузот на Македонија..

На 5 јули 2012 година, со почеток во 20.30 часот, во Мала Станица ќе биде отворена самостојната изложба на Сања Бутерин, род. Николиќ, исто така како дел од

Скопско лето 2012.

Повелете!

© Chkrap!*2012





На 7. јуни 2012 со почеток во 20:00 часот, во мултимедијалниот центар Мала станица беше отворена изложбата World Press Photo Exhibition 2012.Оваа патувачка изложба, единствена од овој вид, во Скопје ја организира Македонскиот центар за фотографија во соработка со Национална галерија на Македонија и со финансиска поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија.
World Press Photo Exhibition е највлијателната изложба на новинска фотографија во светот, која промовира високи професионални стандарди во фотографијата и непречен проток на информации до најшироката јавност. Изложбата е резултат на меѓународен конкурс за новинска фотографија кој се објавува секоја година. На конкурсот учествуваат фотографи, новински агенции, печатени медиуми и списанија од целиот свет, а меѓународно жири составено од 19 членови ги оценува нивните фотографии, во девет различни категории.

Прекрасни принтови, големи формати, совршена подготовка и организација на изложбата е она што се гледа на прв поглед, а за подлабока анализа на фотографиите, поготово нивниот избор, местата и државите каде што се снимени, зошто главно само трагедии, зошто главно само т.н. втор или трет свет (само една или две фотографии снимени во Западна Европа, на пример, како тука ништо да не се случува), каква порака се испраќа до гледачот со еден таков „црно-бел“ поглед на светот, дали е тоа намерно, перфидно, или пак едноставно луѓето сакаат да гледаат трагедии што им се случуваат на другите - за тоа другпат во друга прилика. Сега да уживаме во фотографиите како фотографии (без да бараме некој поддтекст, иако Ви понудив доста материјал за размислување...) Сепак, World Press Photo e "must see exhibition".

Изложбата ќе биде отворена до 28 јуни 2012 година.

















Повеќе фотографии тука.

© Chkrap! 2012 и Македонски центар за фотографија.


WORLD PRESS PHOTO Exhibition 2012

links to this post 0 comments


















Почитувани,

Во четврток 7. јуни 2012 со почеток во 20:00 часот, во мултимедијалниот центар Мала станица ќе биде отворена изложбата World Press Photo Exhibition 2012. Оваа патувачка изложба, единствена од овој вид, во Скопје ја организира Македонскиот центар за фотографија во соработка со Национална галерија на Македонија.

Изложбата е финансиски поддржана од Амбасадата на Кралството Холандија.
Изложбата World Press Photo е резултат на меѓународен конкурс на новинска фотографија кој се објавува секоја година.
На конкурсот учествуваат фотографи, новински агенции, печатени медиуми и списанија од целиот свет,
а меѓународно жири составено од 19 членови ги оценува нивните фотографии, во девет различни категории.
На конкурсот за 2012 година беа пријавени 101254 фотографии од 5247 фотографи од 124 земји. Овогодишната изложба опфаќа преку 161 наградени фотографии во девет категории.

Повелете.

© Chkrap! * 2012


За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!