Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



Студирајте фотографија на ЕСРА!

links to this post 0 comments



Конечно! Катедра за фотографија во Македонија!
На Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска академија ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк, за првпат годинава е отворена катедра за фотографија.
Со звршување на студиите во траење од 3 години се стекнува звање - дипломиран фотограф.

Од каталогот на ЕСРА:

СТУДИСКА ПРОГРАМА: СЦЕНСКИ ДИЗАЈН
КАТЕДРА ФОТОГРАФИЈА
Траење на студиите од прв циклус: 3 години
Број на ЕКТС: 180
Звање: Дипломиран Фотограф

Студиите по фотографија се уште една ексклузивност на
Универзитетот за аудиовизуелни уметности, како катедра која
за прв пат се основа во Република Македонија.
Широката примена на фотографијата како медиум обезбе -
дува широко поле на професионална реализација. Токму тоа
е и причината за масовниот интерес, кон ова поле на визу -
елниот медиум, кој на идните студенти им нуди креативна,
динамична, провокативна професионална кариера. Но,
фотографијата, впрочем како и уметноста воопшто, бара
голема и длабока секојдневна посветеност. Или, како што се
вели, уметноста не е професија, тоа е начин на живот.
Оние идни студенти, кои ќе најдат предизвик во фотографи -
јата како професија, мора да бидат подготвени на спојот на
креацијата, техниката и технологијата, занаетот и имагинатив -
носта, длабоката мисла и динамичноста на секојдневието на
еденфотограф.
Фотографијата своја примена наоѓа во работата во медиу -
мите, низ студиската, модната, документарната фотогра -
фија, во адвертајзингот и во севкупниот аудиовизуелен пре -
дизвик. Со овие студии студентот се подготвува за пре финети
визуелни вештини, но и за култивирана и прецизна мисла.
Низ студиите, студентите ќе поминат низ процесот, од основите
на фотографијата, преку фотографската технологија до
најсуптилните уметнички постапки кои се со унивезална вре -
дност, и претпоставуваат кариера на голем професионалец,
успешен уметник и тимски работник. Катедрата по фото -
графија поседува добро опремена црно-бела лабораторија,
и фотографско студио опремено со фотографски светла,
како и компјутерска лабораторија за електронска обработка
на сликата.
Благодарение на Болоњскиот систем, студентите по фото -
графија, ќе се стекнат и со знаења од областа на филм ската
и телевизиската камера, што е дополнителен бенфит, за секој
студент кој својата професија ја замислува како медиум кој
настанува низ објективот.

Студиите по фотографија ќе создадат идни профе -
сионалци во доменот на фотографијата, изучуваќи ги сите
фази на професионалното занимавање со фотографија.

„Ме прави среќен помислата
дека отсега натаму на
Универзитетот ќе можат да се
школуваат многу млади идни
професионални фотографи. А,
ме води една мисла, дека ништо
не си, ако она што го имаш нема
кому го му го дадеш. Денес
подигаме храм на една од
најплеменитите професии на
светот, единствената која е
поголема од времето, и го
овековечува мигот.“

Роберт Јанкуловски,
фотограф


Фотографија: Тони Коцев - “Македонски железници“

За упис има уште време и само неколку слободни места. Пријавувањето е од 25 август до 10 септември 2009 година.
Повеќе информации овде...

© Chkrap!*2009
Со среќа!


Тетово и фотографијата

links to this post 0 comments

Тетово е град којшто многу брзо се менува. Старите градби - примери на старата градска архитектура, немилосрдно се рушат, а на нивно место никнуваат нови, “современи“ чудовишта со пластични прозорци...
Од стaрата архитектура ќе останат само патинираните надгробни споменици, а во нивното подножје...


Тетово, август 2009 година

Фотографите како да беа заспани, и ја пропуштија шансата тоа старо Тетово кое веќе го нема, да го зачуваат барем на фотографиите. Никој не се најде да им (у)каже дека градот треба систематски да се фотографира. Можеби тука и таму има понекоја фотографија од старо Тетово, но следните генерации не ќе можат да го реконструираат ликот на градот на нивните предци.


Тетово, март 2009 година

Времето не можеме да го вратиме назад. Она што можеме е да ги земеме фото камерите в рака и да ја фотографираме ГОЛЕМАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА на градот. И тоа може да биде нешто вредно и важно.


Тетово, август 2009 година

Ако некој фотограф добие зрнце инспирација од ова мало писание, снимените фотографии нека ги достави на chkrap[at]gmail.com - а ние ќе ги објавиме.

© Chkrap!*2009


Иднината на фотографијата

links to this post 0 comments



Нил Метјуз од Попфото (Popular Photography) во августовскиот број од 2009 година претпоставува дека во 2020 година напредокот во фотографијата ќе биде голем и фотографските камери ќе се вградуваат во човечките очи...

Истото тоа го предвидоа некои членови на Фотокино клубот “Чкрап!“ од Тетово во контактната емисија “На тема...“ на ТВ Менада од Тетово, но уште далечната 2006 година...

Еве еден мал исечок од емисијата од 2006 година и скриншот на написот во Попфото од август 2009 година.


декември 2006...


август 2009...

Ве молиме Вашите коментари да ги испраќате на chkrap[at]gmail.com
© Chkrap!*2009


Македонско девојче

links to this post 0 comments



Иако ова е блог за и околу фотографијата (со акцент на “Чкрап!“), сепак сметам дека треба на некој начин и ние да го обележиме најголемиот македонски празник - Илинден!
Илинден 1903 и Илинден 1944 (заедно со 8 септември 1991 година), се најзначајни датуми во македонската историја!

Секоја година на 2-ри август во Крушево се одржува голем народен собир по повод овој празник.
Годинава таму беше и Јане Љоровски, фотограф од Фотоклубот “Фотографика“ од Скопје.
Како што вели и самиот: igraorkite od tanec bea na meta na mojot fotoaparat :)

Јане на свој начин (користејќи богата сaтурација на боите и мал DOF) уште еднаш покажа и докажа дека македонките се најубави моми.















Сите фотографии © Јане Љороски * 2009
Chkrap!*2009


За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!