Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap






Македонскиот центар за фотографија

Ве поканува на

ЛЕТНА ФОТО ШКОЛА

П Е Ј З А Ж


16 – 22 јули 2010 во х. Алпина, Маврово

Предавачи: Румен Ќамилов и Роберт Јанкулоски

______________________________________

Летната школа е дел од проектот Поинаков поглед кој е поддржан од Швајцарската програма за култура за Западен Балкан

Летната школа е наменета эа сите љубители на фотографијата кои самостојно користат фотографска камера. Во рамките на летната школа ќе бидат организирани работилници кои предвидуваат тематски предавања эа пејзажна фотографија и эа техники на снимање, како и практична работа. Практичната работа ќе биде поделена на два дела: снимање (иэбор на мотив, светло, компоэиција) и обработка и аналиэа на снимениот материјал. Заради иэбор на повеќе мотиви при снимањето, во рамките на школата ќе се органиэираат екскурэии во околните места. На крајот на школата ќе биде организирана изложба на најуспешните фотографии. Напоменуваме дека секој слушател треба да поседува сопствен дигитален фотоапарат.

Цена: 15 500,00 денари.

Во цената е вклучено: шест полни пансиони во х. Алпина (4*), тематска обука, фото материјали и опрема за обработка на фотографии, иэработка на фотографии эа иэложба и работни екскурэии. Во цената не се вклучени трошоците эа транспорт од местото на живеење до Маврово.

Рокот эа пријавување е 09.07.2009 (петок). За пријавување и подетални информации јавете се на тел. 071 309 993 или 070 231 055.

Во продолжение Ви доставуваме кратка информација за секој од обучувачите.

Румен Ќамилов е еден од најафирмираните македонски фотографи, кој професионално се эанимава со фотографија повеќе од 35 години. Потребата да ги прикаже убавините на Македонија и студиоэноста со која приоѓа при снимање на пејсажите, направиле да биде поэнат и надвор од Македонија. Особено е интересно неговото искуство како фотограф на македонската алпинистучка експедиција на Хималаите. Бил долгогодишен предавач по предметот фотографија на Факултетот эа ликовни уметности во Скопје. Автор е на многу фотографски проекти од кои ги иэдвојуваме само оние посветени на пејзажната фотографија: Франција (Париэ 1999 Fenetre ouvert sur Macedonie), Лисабон (1998 EXPO), Проект "Magic lights of Macedonia", Проекти эа Скопје "City of seven gates", "City to be discovered".


Роберт Јанкулоски е фотограф и директор на Македонскиот центар эа фотографија. Предава фотографија на неколку програми во Република Македонија. Има одржано 18 самостојни иэложби во Македонија, Бугарија, Австрија и Србија. Учествувал на многу групни иэложби вклучувајќи ги Манифеста 1 - Европско биенале на современи уметности во Ротердам 1996, Context Europe (Импулс од Балкан) во Лион, 2003. Добитник е на повеќе награди эа фотографија. Има работено како фотограф на долгометражни филмови и има снимено неколку документарни филмови.






© Chkrap! * 2010





Ве покануваме на годишната клупска изложба на фотографии на Фото клуб „Елема“ од Скопје, која ќе се отвори во среда, 16. јуни 2010, во Културно информативниот центар, со почеток во 20:00 ч. На изложбата ќе бидат претставени 40-тина фотографии од 13 автори членови на клубот. Фотографиите се тематски разновидни и со различни формати, а претставуваат пресек на творештвото на членовите на Фото клуб „Елема“ од изминатата и оваа година.

Претседател на ФК ЕЛЕМА
Дарко Петровски

*****

За жал, не бев во можност да присуствувам на отворањето на изложбата, но сметам дека треба да се обележи овој значаен настан за фотографијата во Македонија. Се надевам дека изложбата ќе биде отворена барем десетина дена.
Драги Неделчевски.

Честитки од ,,Чкрап!“

© Chkrap! *2010



повеќе...

МФФСМ Благој Дрнков за архивата на ФСМ донираше 15 фотографии со димензии 30х40цм и 50 фотографии со помали димензии. Фотографиите се снимени во неговиот ран период.
Председателот на ФСМ, Боро Рудиќ, на Благој Дрнков му врачи членска картичка на ФСМ со број 0001. Наскоро ФСМ на Благој Дрнков ќе му даде и благодарница за сторената донација.


© Б.Дрнков

© Chkrap! * 2010




© Zoran Andonov * 2010

На 1 јуни 2010 година во 20.00 часот во Кинотека на Македонија беше отворена изложбата за најдобра фотографија од конкурсот за фотографија на тема „Урбан Пејзаж“. Воведен збор имаше г-дин Валентино Димитровски, претседател на македонскиот центар за фотографија, историчар на уметноста и ликовен критичар, а изложбата ја отвори градоначалникот на Општина Карпош.

Првата награда ја освои Јане Љоровски од Скопје.
Зоран Андонов од ,,Чкрап!“ ја освои третата награда. Му честитаме на овој успех.



Убав фотографски настан!

© Chkrap! * 2010


За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!