Во последно време многу жешка тема меѓу фотографите. Аналогно или дигитално? За мене, после доооолго размислување, еве ќе бидам храбар - тоа е промашена тема! Аналогно (аналогно заради изборот на алатот, начинот на обработка, или пак заради “аналогниот“ начин на фотографско размислување?), или дигитално (пак заради новите “дигитални“ алатки од не знам колку мегапиксели, обработката во разни фотошопи итн. или пак некаков си “дигитален“ начин на фотографско размислување?). Првите се, нели, класика, проверена работа, а сепак кул, црно бело или слајд..., а вториве мислиш се родиле со 9 мегапиксели, а за прв роденден добиле
CS2...
Можеби не сум многу јасен, ама еве само кратко ќе кажам (да не речам - ќе рикнам!).
Тука сум (сме) едноставно заради добра фотографија. Сето она што ни се случува, она што го гледаме, или пак она што сакаме да го видиме, нашиот живот, нашите емоции, нашите таленти, желби и фантазии, ние решивме да ги прикажеме со помош на ФОТОГРАФСКИОТ МЕДИУМ. Без разлика да ли е тој “
аналоген“ или “
дигитален“ (намерно во наводници!). Фотографијата е убава затоа што пружа безброј можности и начини да се изразиме како фотографи. Затоа -
Chkrap!фотогарфија © Драги Неделчевски
jako!