Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap




42. Државен фестивал на непрофесионален филм „ПРИЛЕП 2013”



ПРОПОЗИЦИИ

42. Државен фестивал на непрофесионален филм
„ПРИЛЕП 2013”

Фестивалот ќе се одржи на 31.05.2013 во Прилеп

Организатори
Кино сојуз на Македонија
Фото-кино клуб „Прилеп” - Прилеп
Народна техника - Прилеп
Градска библиотека „Борка Талески” -Прилеп

Услови за учество
Право на учество имаат сите филмски автори од република Македонија, членови на клубови, самостојни автори или групи.
На фестивалот можат да бидат пријавени филмски остварувања на ДВД.
Пријавените филмови можат да бидат од следните жанрови:

Документарен филм
Краток игран филм
Експериментален филм
Анимиран цртан филм
Едноминутен филм – краток филм од било кој жанр (освен музички и рекламен спот) до 60 секунди

Филмови кои учествувале во официјална конкуренција на изминатите државни
фестивали нема да бидат земени предвид за учество на фестивалот.

Пријави
Секој автор кој што испраќа филм за учество на фестивалот треба да пополни пријава, да го прегледа филмот и неговата техничка исправност.
Филмот треба да биде опремен со шпица кадешто точно се назначени авторите и другите соработници во филмот.
Шпицата да биде на македонски јазик и на еден од трите официјални јазици на UNICA (англиски, германски, француски).
Секој автор или клуб има право да испрати неограничен број филмови.

Важно: Секој филм треба да биде снимен на посебно ДВД и да биде спакуван во соодветна опаковка.
Ве молиме пријавите да бидат целосно пополнети.

Краен рок за прием на филмовите е
24. 05. 2013
Филмовите се доставуваат на адреса:

Кино сојуз на Македонија
П. Фах 14
1000 Скопје
Тел. 02 3238 357; 070 231 055

Жирирање
Жирирањето ќе се одржи на 27. 05. 2013 година во Скопје.
Сите пристигнати филмови ќе бидат прегледани од стручно жири.
Технички неисправните филмови нема да бидат замени предвид за жирирање.
Жирито ќе работи според правилникот за фестивали и ревии на Кино сојузот на Македонија.
Жирито донесува конечна одлука за наградите.
Жирито прави селекција која ќе биде прикажана на Светскиот фестивал на UNICA.

Награди и признанија
На фестивалот ќе се доделат награди предвидени со Правилникот на КСМ з аорганизирање фестивали и ревии.

Завршни одредби
Со цел да се зачува аматерската филмска продукција филмовите снимени на ДВД ќе останат во КСМ доколку авторот не нагласи во пријавата барање за враќање на филмот.
Фестивалот е финансиран од Минис- терството за култура на Република Македонија.


© Chkrap!*2013



Таа и делот од неа
Дејан Бошковски како и многу фотографи има оставено печат во Македонската фотографија, со доста храбри дела, моменти, приказни, дела кои биле поставени на многу домашни и интернационални групни изложби.
Гледајќи ја неговата колекција, која е убава конекција, помеѓу жената, животните и природата, може да се види моќен спој на убавина, спокој и љубов, порака во која секоја жена има дел од себе и несебично го спеделува со околината во која живее.
Фокусот на оваа поставка е посветена на самата убавина која не опколува.
Живееме , се будиме, вдишуваме, чувствуваме, допираме, постоиме.
Ирена Мила



Фотографијата ни дава можност да го видиме светот низ окото на другите.
Гледајќи го светот низ очите на Дејан Бошковски, дојдов до впечаток дека се може да биде совршено.
Жена и природа.
Многу поети, сликари, вајари ја гледале жената како персофиникација на природата.
Нежност, донесување на нов живот, постојаност во истрајност и непостојаност во расположение.
Жената навистина е слика на природата.
Оттаму и потчитта кон Дејан кој со своите фотографии, успева на специфичен, само нему својствен начин да ги спои двете совршенства на парче хартија.
Хармонијата која владее на овие слики опива и буди исконско во секој оној кој ќе се загледа во нив. Хармонја која им е својствена само ним. Се надополнуваат, чиниш каде завршува едната ,започнува другата.
Тоа е тој миг на комплетност кој Дејан успева да го зароби за вечност.
Природа и жена, нераскинлива врска од самиот почеток.
Сандро Николовски
новинар и писател

© Chkrap!*2013



Почитувани,

Ве известуваме дека рокот за прием на фотографии за Денови на Македонската Фотографија е поместен.
Краен рок за прием на фотографии е понеделник, 17ти Јуни 2013 година.
Жирирањето ќе се одржи на 19ти Јуни, во просториите на Кинотека на Македонија, со почеток во 17.00 часот.
Останатите услови се исти. ВЕ молиме да ја проследите оваа информација до сите заинтересирани и,
Ги очекуваме вашите фотографии !!!



Фото сојузот на Република Македонија со задоволство ги објавува пеесет и првите Денови на Македонската Фотографија.
Се повикуваат сите автори и авторки, жители на нашата земја да ги испратат своите дела на оваа манифестација од суштинска важност за сите нас.
Особено сакаме да ги охрабриме младите автори и авторки да ги испратат своите дела во младинската секција.



Пропозиции и пријава за учество, тука.

© Chkrap!*2013


За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!