Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap

















На 1-ви ноември во 20:00 во просториите на галеријата Мала Станица ќе биде отворена изложба на фотографии на Дејан Колевски. Изложбата насловена “Поезијата на секојдневието“ содржи пеесетина црно-бели фотографии. (повеќе тука).





















Се буди и фотографската критика. Одличен осврт за изложбата од перото (тастатурата) на С.Алушевски, тука.
© Chkrap!*2013


ОСНОВИ НА ДИГИТАЛНА ФОТОГРАФИЈА

links to this post 0 comments


ОСНОВИ НА ДИГИТАЛНА ФОТОГРАФИЈА

Место: Македонски центар за фотографија

Времетраење: 25.10.2013 до 03.11.2013 година

Обучувач: Драги Неделчевски

Цена: 5800 денари (во цената се вклучени 20 работни часа)

Рок за пријавување: 24.10.2013 (четврток)
Контакт: Лидија Пајевиќ, 071 309 993


Краток опис на курсот
Курсот има за цел да ги воведе учесниците во основите на дигиталната фотографија преку обработка на следниве содржини: појава на дигиталната фотографија; дигитални фото камери, мемориски картички, сензор и објектив; креативна употреба на експозицијата; боја и температура на боја; формати на эапис: RAW, TIFF, JPEG. Курсот опфаќа предавања, демонстрации и практични вежби преку кои учесниците ќе се стекнат со теоретски знаења и практични вештини за изработка на дигитални фотографии. На крајот од курсот ќе се одржи презентација на најуспешните фотографии.

Кратка биографија за обучувачот
Драги Неделчевски (роден 1958) е соработник на Македонскиот центар за фотографија. Во 1980 година го основал Фотокино Студиото во Тетово. Во 2003 година го основал Фотокино клубот „Тетово“, подоцна Фото групата „Чкрап!“ од Тетово. Има одржано 6 самостојни изложби во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина. Учествувал на многу групни изложби вклучувајќи ги Фотомедиа и Денови на македонската фотографија, како и на групните изложби на Фото групата „Чкрап!“. Добитник е на повеќе награди за фотографија. Носител е на звање Фотограф I класа. Има снимено неколку краткометражни документарни и експериментални филмови.

ПРОГРАМА ЗА РАБОТА

25.10.2013 (петок) 19:00 – 21:00            
Теоретски дел. Појава и развој на дигиталната фотографија. Сличности и разлики меѓу класичната и дигиталната фотографија. Најзначајни имиња во фотографијата. Основни елементи на дигиталните фото камери. Објективи, поделба и карактеристики. Предавањето е пропратено со визуелна презентација и демонстрации.

26.10.2013 (сабота) 11:00 – 15:00
Теоретски дел. Креативна употреба на објективите. Основи на светло и композиција. Начини на одредување експозиција. Боја и температура на боја. Формати на запис: RAW, TIFF, JPEG. Предавањето е пропратено со визуелна презентација и демонстрации.

27.10.2013 (недела) 11:00 – 15:00
Теоретски дел. Креативна употреба на светло и композиција.
Практичен дел. Креативна употреба на светло и композиција во пракса. Заедничко фотографирање во екстериер на однапред договотена тема.


Во периодот од 28.10.2013 до 31.10.2013 слушателите фотографираат самостојно или во група врз основа на насоките од обучувачот.


01.11.2013 (петок) 19:00 – 21:00           
Практичен дел. Пренос на снимените фотографии во компјутер. Анализа на фотографиите и обработка на снимениот материјал во Photoshop.

02.11.2013 (сабота) 11:00 – 15:00
Практичен дел. Анализа на фотографиите и обработка на снимениот материјал во Photoshop.

Во текот на викендот слушателите повторно сами фотографираат доколку, врз основа на предходната анализата, оценат дека имаат потреба од нов материјал.

03.11.2013 (недела) 11:00 – 15:00
Практичен дел. Избор на најдобри фотографии за изложбата. Дигитална обработка на фотографиите. Подготовка на фотографиите за презентација.

© Chkrap!*2013




За сите што бевте на отворањето на изложбата, а уште повеќе за Вас што не бевте, еве еден грст фотографии, за Ваше уживање и наша документација.
Фотографиите ги снимија фотографи од Фото група „Чкрап!“ и од „Фототкино клуб Битола“ од Битола.
Им благодариме на сите што дојдоа на отворањето на изложбата, која беше јубилејна - 10 години „Чкрап!“, а беше отворена во пресрет на големиот празник - 11 октомври - Денот на востанието на македонскиот народ против фашистичката окупација.
Голема благодарност до НУ Музеј на тетовскиот крај - Тетово за отстапениот простор за изложбата како и до Кафе барот „Медисон“ од Тетово кој се погрижи за освежување на посетителите...











































...Еве уште...фотографии што ги снимија нашите пријатели од Битола.



































































Александар Кондев стана почесен член на „Чкрап!“, Давор Спасоски се стекна со звање фотограф II класа, а Александра Новеска се стекна со звање фотограф III класа...

Ах, да. И локалните медиуми го забележаа настанот.


© Chkrap!*2013



За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!