Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



ФОТОГРАФИКА -нов фотоклуб!

links to this post 0 comments


Со иницијатива на повеќе љубители на фотографијата, регистриран е нов фотоклуб „ФОТОГРАФИКА„ со седиште во Скопје.

На претседателството на клубот како и на членовите им посакуваме многу изложби и активности за што поголемо афирмирање на фотографијата во Македонија и надвор од неа.

Фотоклуб „ЧКРАП“, Тетово


Заштита на светското фотографско наследство

links to this post 0 comments

Би сакале ли да дознаете нешто за хемискиот состав на фотографиите?
Да слушнете како се изработувани фотограафиите во изминатите 170 години?
Би сакале ли да дознаете нешто за првата сочувана фотографија?
Како е таа конзервирана?...
... А да се запознаете со човекот кој лично работеше на нејзино зачувување?

Joseph Nicéphore Niépce's View from the Window at Le Gras.


Македонскиот центар эа фотографија

и Муэејот на град Скопје

Ве покануваат

на предавање на тема:

Заштита на светското фотографско наследство:

предизвици за 21от век

Предавањето ќе го одржи еминентниот научник

Проф. Др. Душан Стулиk

од Гети Институтот (Getty Conservation Institute) - Лос Анџелес, САД

Музеј на град Скопје

Среда, 14 ноември 2007, 20,30 часот


Проф. Др. Душан Стулик/ фото. Andrea Mohin


Минатото лето тимот на Проф. Др. Душан Стулик замина во Националниот Музеј за Медиуми во Брадфорд, Англија, во која се наоѓа најзначајната и најголемата колекција на фотографии во Светот. Причините за посетата беше да се тестира една од изложените фотографии, која со децении важи за прва печатена фотографија со ванадиум, сребрено- сив метал кој во времето многу кратко време се користел, заедно со среброто, платианта и други метали, за подолготрајно зачувување на сликите на хартија. Но само по неколку минути, Гетиовиот спектрометар покажа дека нема никакви траги од ванадиум на фотографијата, што всушност докажува дека тоа не е редок историски артефакт, туку едноставна сребро-нитратна фотографија. Истражувањето исто така покажа дека експерименталаната фотографија на фотографскиот пионер Вилијам Хенри Фокс Талбот, за која се вели дека е настаната во 1854 година, содржи колодион и барит, материи за кои не се веруваше дека биле користени толку рано.

„Во суштина ова би можело да предизвика повторно пишување на историјата на фотографијата“, изјави Грант Ромер, директор на програмата за конзервација при најстарот музеј на фотографија во светот George Eastman House кој се наоѓа во Рочестер, Њу Јорк. „Веке предизвика некаква криза во разбирањето за тоа, што ние мислиме дека знаеме за некои фотографии“

(извадок од текстот објавен во Њу Јорк Тајмс, Април 2007, фото. Andrea Mohin)


За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!