Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



Среќна Нова 2009 година!

links to this post 0 comments



“Чкрап!“ на своите членови, на сите пријатели на фотографијата и на сите свои соработници, им ја честита Новата 2009 година и им посакува здравје, среќа и (еве едно општо место!) добро светло! (Иако најдобрите фотографии се снимени на лошо светло, ха, ха!)


Џо! И тоа е Америка!

links to this post 0 comments



Во најкапиталистичката држава на светот, каде што се концентрирани парите, моќта, техничките способности, мајсторите на занаетот, суетата и лажниот морал - често се случуваат “шпански“ мелодрами.
Еве една од понов датум, од сферата на фотографијата.

Ени Либовиц, селебрити фотограф (можеби поголем селебрити од половината свои клиенти кои се топ фаци од американскиот и светскиот шоубиз), пред некое време имала фото сесија со некое девојче од 15 години. Тоа да ти било многу позната актерка (глумела некој лик во Дизни продукциите) и нејзини фанови биле главно девојчиња од 6 - 14 годишна возраст.
Фино-лепо, сесијата е направена (нормално со дозвола и во присуство на гордиот татко), Ени Либовиц снимила фотографии и тие се објавени во Венити Фер.
На една од фотографиите девојчето е без горна облека, но градите и се покриени со некаков чаршав. Се гледа грбот, лицето.

По објавувањето “моралното мнозинство“ (и фановите на младата актерка) во Америка дигнало голема врева. Наводно славната фотографка го злоупотребила девојчето во маркетиншки цели, а тоа сирото, воопшто “не знаело“ дека тие фотографии ќе бидат објавени... тра ла ла.
Дури и сaмата Ени Либовиц морала да дава изјава по повод целата скаламутница...











Иако ова е типична американска приказна, надуен скандал со повеќе или помалку јасни цели - остануваат отворени некои прашања за кои би било добро да се размисли и поразговара.
На пример: Како (да) се уредат односите помеѓу фотографот и моделот? До каде може да оди фотографот? Какви се правата на моделот по давањето дозвола за снимање. Да ли во сите ситуации треба да се бара дозвола или може да се снима и без неа? (се сомневам, на пример, дека славните фотографи од Нешенел Џиографик секогаш бараат дозвола од нивните модели по разно-разни светски вукоебини...) итн. итн...

Ако имате мислење и сакате да го поделите со нас, пишете на chkrap@gmail.com и ако дозволите ќе ги објавиме Вашите мислења и коментари.

Напомена: Оставање коментари на блогов не е возможно поради тоа што овој темплејт не го дозволува тоа. Не сме совршени, за жал. Или за добро:)

© Chkrap! * 2008





На 14 декември 2008 година во просториите на Народна техника на Македонија во Скопје се одржа изборно Собрание на ФОТО СОЈУЗОТ НА МАКЕДОНИЈА.

Беа избрани нови органи според Статутот на ФСМ.
Нов претседател на ФСМ е истакнатиот фотограф Боро Рудиќ од Скопје, а потпретседател на ФСМ е Јане Љоровски.
Новото Претседателство на ФСМ го сочинуваат:
Боро Рудиќ, Душан Доцевски, Драги Неделчевски, Самир Љума, Дејан Гилески, Јане Љоровски и Николина Атанасоска. Секретар на ФСМ од денес е Дарко Петровски.
Беа избрани и Надзорниот одбор, како и Уметничкиот совет.

Досегашниот претседател на ФСМ, Цветан Гавровски беше претседател во еден тежок период за ФСМ, но со огромни напори, волја и знаење, на новото раководство му остава една организација која постигна големи успеси на изложбите во земјата и странство, а преку фотографијата беше вистински амбасадор на Република Македонија во светот...

ФСМ е една од најактивните организации на Народна техника, но има многу “отворени“ прашања кои бараат големо ангажирање од новоизбраното раководство.

Се надеваме дека спојот на искуството, амбициите и желбата да се направи една здрава и квалитетна фотографска асоцијација која ќе го обележи фотографскиот живот во нашата земја наредниве години - ќе има успех!

Од името на сите членови на клубовите и ФСМ, на Цветан Гавровски му изразуваме најголема благодарност за неговата досегашна работа како претседател, а на новиот претседател Боро Рудиќ, како и на новото раководтсво, му посакуваме успешна работа!

Еве неколку моменти од изборното Собрание...












2008 © "Chkrap!"



На 11 декември 2008 година беше отворена изложбата на фотографии на членовите на Фотокино клубот “Чкрап!“ од Тетово. Ова е петта годишна изложба на фотографии што по традиција се одржува во месец декември и претставува пресек на творештвото во тековната година на најактивните членови на клубот.
Еве една кратка фото сторија за историја...














2008 © "Chkrap!"


ФОТОГРАФИИ 2008

links to this post 0 comments



Фотокино клуб “Чкрап!“ – Тетово
11.12.2008

ФОТОГРАФИИ 2008

Зоран БОЈАЏИЕСКИ
Давор СПАСОСКИ
Драги НЕДЕЛЧЕВСКИ
Филип ИЛИЕВСКИ
Васе ПЕТРОВСКИ ака АМАНИТО
Борче СИЉЈАНОСКИ
Александар СТОЈАНОВСКИ
Ѓорѓи РИСТОСКИ
Мимоза ВЕЛИУ
Самир ЉУМА
Мирче НОВАКОВСКИ
Андреа ЃОРЃЕСКИ
Зоран АНДОНОВ
Дарко НАУМОСКИ
Драшко СЕРАФИМОВСКИ
Јовица РАФАЈЛОВСКИ


Фотокино клуб “Чкрап!“ - Тетово
Фото сојуз на Македонија
ЦБЦ “ЛОЈА“ – Тетово


За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!