Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



Живеење во три века

links to this post 0 comments



Не можев да одолеам, а да не не Ви го претставам фасцинантниот фотографски проект на фотографот Марк Стори (Mark STORY).

Тој се нафатил да ги фотографира луѓето што имаат преку сто години!

На проектот работел повеќе години, а резултат на сето тоа е изложбата на фотографии.

Повеќе детали овде...

Chkrap!*2009


СТРОБИСТ МК

links to this post 0 comments



Васе Петровски - Аманито, фотограф и член на “Чкрап!“ ни пишува за една нова иницијатива (море - пракса е веќе!) еден нов свеж ветер во македонската фотографија.
Еве за што станува збор:

“Успешната магија е дело на светлината!!!

стробистМК е група на фотографи од р. Македонија кои имаат потреба од дружење на тема стробист предводена оригинало од strobist David Hobby.

Цел: локално меѓусебно креативно дружење и едукација на тема креативно фотографирање на поинаков начин.

Начин: со помош на мали блицови за на камера, кинески тригери, амбиентално светло, малку креативност и знаење, до фотографии со професионален изглед.
До сега се направени преку 10-тина собири, од кои последните 3 официјално документирани и запишани. А секојдневно се создаваат се повеќе и повеќе идеи за нови.

Контакт
Blog: стробистMK
Facebook: Стробист МК

Значи, многу подетални информации може да се најдат или на блогот или на Facebook групата или директно кај Васе на маил amanitok15@gmail.com

























ТРЕТ ПОГЛЕД НА ДВАТА ПОГЛЕДА...

links to this post 0 comments



Ете, бидна уште една изложба на фотографии во Тетово. Уште еден празник на фотографијата (се надеваме). Многубројна публика, гости-колеги од Скопје, Куманово, Гостивар...
ДВА ПОГЛЕДА НА ДОКУМЕНТАРНАТА ФОТОГРАФИЈА на членовите на Фотокино клубот ТЕТОВО ака “Чкрап!“ - изложба на фотографии на Драги Неделчевски и Зоран Андонов, помогната од Министерството за култура, ЦБЦ ЛОЈА, Борче Сиљјаноски (книжарница БИРОМОНД - Тетово), Арбериа Дизајн... Домаќините почестени со присуството на Цветан Гавровски, Душан Доцевски, Роберт Јанкуловски, Оливер Мусовиќ, колегите од “Чкрап!“ и уште многу други истакнати фотографи... Публика која веќе знае да ужива во фотографијата...

Од присутните слушнавме дека тоа беше интересна поставка и концепт на изложбата... Тие што не дојдоа, нека не му се секираат премногу, ионака беше преполно и немаше повеќе место...

Epur si muove!









































Драги и Зоран им се заблагодаруваат на СИТЕ што ги поддржаа и што ги удостоија со нивното присуство...


За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!