Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



Наскоро... ФОТОГРАФИИ 2012

links to this post 0 comments



До најдобрите фотографи од Чкрап!

Самостојна изложба на фотографии е кога еден фотограф (а може и двајца, но не повеќе од тројца), изложува свои фотографии.

Годишната изложба на Чкрап! секогаш била ГРУПНА изложба. И тоа било настан во Тетово.

Не гледам причина тоа да биде поинаку годинава. На 15 фотографи од Чкрап! им испратив меил со барање за средба, која што предлагам да ја имаме во ВТОРНИК (неработен ден), на 23.10.2012 година, во 13.00 часот, во некое кафуле ( а може и во АРМ).

Ако таму дојдат повеќе од тројца фотографи, изложбата ќе биде ГРУПНА, а ако дојдат до тројца, тогаш Чкрап! годинава ќе има САМОСТОЈНА изложба!

јас, Драги Неделчвески (а со мене сигурно уште двајца!) Ве чекаме во вторник во Медисон во 13.00 ч.(а каде ќе седнеме, ќе се договориме)

Да се видиме, да се договориме, да поделиме задачи, да направиме една квалитетна фото дешавка во ова усрано место

што сеуште се вика Тетово.

Поздрав од Д.

Фидбек од Вас (можете - не можете, сакате - не сакате и сл.) би било убаво да доставите на fkktetovo@gmail.com

© Chkrap! * 2012


Самит на EX-YU фотографи

links to this post 0 comments

Минатата недела во Лесковац, Србија, се одржа вториот Самит на EX-YU фотографите. На 12.10.2012 беше отворена изложбата на фотографии. Со свои колекции се представија: Македонија, Србија, БиХ, Црна Гора, Словенија и ФК Лесковац како домакин на Самитот.







Македонската колекција ја сочинуваа фотографии од следните автори: Боро Рудиќ, Цветан Гавровски, Раде Луковиќ, Сашо Алушевски, Дарко Петровски, Татјана Ранташа, Игор Костов, Дејан Гилески, Дејан Колевски, Филип Филиповиќ, Менче Петреска, Владимир Арсовски, Димитар Чунговски, Драги Неделчевски, Душан Доцевски и Трајче Атанасовски.

Извор: Фото Сојуз на Макеодонија.
© Chkrap! * 2012


За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!