Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



Јан Саудек во Македонија!

0 comments




Изложба што не смеете да ја пропуштите. Делата на познатиот Чешки арт фотограф Јан Саудек ќе бидат изложени во музејот на современа уметност во Скопје.
Саудек е познат по рачно боените фотографии кои често изобилуваат со голи или полуголи субјекти со што постигнува сликарска и сонлива атмосвера но и по сцените со масивен број на денудирани субјекти, вообичаено вработените во една компанија.
Од она што го видов на билбордите во Скопје, ќе имама загарантирано визуелно задоволство.

Отварањето на изложбата е во вторник, 2 септември 2008 во 20 часот.


Конкурс и подготовки за ФОТОМЕДИА 2008

0 comments



Фото клуб „Елема“ од Скопје, во соработка со Фото сојуз на Македонија, распишува конкурс за 11-та меѓународната изложба ФОТОМЕДИА 2008.

Темата е слободна/отворена, а право на учество имаат сите фотографи од земјата и од странство. Секој фотограф може да приложи максимум четири фотографии (црно-бели или колор), со димензии од 20х30 до 30х45 сантиметри. На секоја од фотографиите на задната страна треба да биде напишано: име на авторот, име на фото клубот (доколку постои) и име на фотографијата. Учесниците можат да ги пратат своите фотографии на адреса „Партизански одреди“ 155-1/82, 1000 Скопје, или пак да ги донесат директно во просториите на Фото клуб „Елема“, секој понеделник од 20:30 до 22:30 часот.

Учеството за фотографите од странство изнесува 15 €, додека пак за домашните фотографи изнесува 200 ден.

Краен рок за доставување на фотографиите е 22. септември 2008 г. Доставените фотографии ќе бидат жирирани во сабота, 27. септември 2008 г. Изложбата традиционално ќе се отвори на денот на град Скопје – 13. Ноември.

Дарко Петровски
Претседател на Фото клуб „Елема“



Фотографите од “Чкрап!“ сериозно го сфатија горниов проглас и се подготвија за најпрестижната изложба на фотографии во Македонија - ФОТОМЕДИА.

Беше тоа прекрасно претпладне - правевеме фотографии, разговоравме за фотографијата, за трендовите во фотографијата и како тоа се одразува на конкурсите и жирирањето...

Фотографиите ги изработивме во престижното ФОТО студио МЛАДОСТ ака “кај Драго“, под калибрациската палка на Д.Спасоски (тој, пак, својот FUJI го оставил дома). Дарко се пофали со својот нов workhorse (Nikon D200), а и Ѓорѓи не бе ше за потценување со својот Canon D40 на кој имаше прикачена една “сурла“ од објектив. Неговиот колега - канонџијата Зоран гледаше сеир од страна и уживаше во фото дружбата. Самир и Дејан само протрчаа низ студиото... Наташа денес не не “дружеше“ Дел од атмосферата забележа Драги со својот мал Nikon D40.

Давор, Noritsu i FUJI Archive Paper си ја завршија работата без грешка.

Фотографиите се направени, а да ли тие ќе бидат по вкусот на жирито, и не е толку важно.

Во “Чкрап!“ фотографијата се ужива. Така беше и денес.













Се гледаме на ФОТОМЕДИА.


PHOTOMEDIA : Краен рок за македонски автори

0 comments

Краен рок за македонски автори за фото конкурсот Фотомедиа2008 e 22 септември 2008.

Фото клуб „Елема“ од Скопје, во соработка со Фото сојуз на Македонија, распишува конкурс за 11-та меѓународната изложба ФОТОМЕДИА 2008.

Темата е слободна/отворена, а право на учество имаат сите фотографи од земјата и од странство. Секој фотограф може да приложи максимум четири фотографии (црно-бели или колор), со димензии од 20х30 до 30х45 сантиметри. На секоја од фотографиите на задната страна треба да биде напишано: име на авторот, име на фото клубот (доколку постои) и име на фотографијата. Учесниците можат да ги пратат своите фотографии на адреса „Партизански одреди“ 155-1/82, 1000 Скопје, или пак да ги донесат директно во просториите на Фото клуб „Елема“, секој понеделник од 20:30 до 22:30 часот.

Учеството за фотографите од странство изнесува 15 €, додека пак за домашните фотографи изнесува 200 ден.

Краен рок за доставување на фотографиите е 22. септември 2008 г. Доставените фотографии ќе бидат жирирани во сабота, 27. септември 2008 г. Изложбата традиционално ќе се отвори на денот на град Скопје – 13. Ноември.


Дарко Петровски

Претседател на Фото клуб „Елема“


Чкрап! на PHOTOMEDIA 2008

0 comments



Само една недела останува до последниот рок за доставување фотографии за најпрестижната фотографска манифестација во Македонија - ФОТОМЕДИА.

Ги потсетуваме фотографите од Чкрап! дека е крајно време да ги направиме фотографиите (оние што тоа сеуште не го сториле). Предлагаме тоа да го направиме заедно од повеќе причини (финансиски, врамнотежен квалитет и сл.)
Лица за контакт - Драги и Давор. Ако имате некој предлог - добродојден е.

Но, секако до среда навечер бо требало да сме готови со фотографиите во електронска форма како би можеле во наредните два дена да ги испечатиме...

Извлечете го најдоброто од Вашите фото камери и да му ги покажеме на светот нашите “Чкрап! фотографии“.


Успешен Workshop - Colour Management

0 comments


фотографија © д.спасоски

Пред 20-ина присутни, работилница за колор менаџмент во организација на Фотоклубот Чкрап! одржа Давор Спасоски на 3 август 2008 година во Центарот Лоја во Тетово.
Предавањата беа преполни со корисни детали и информации како и практични упатства како фотографот може да влијае на конечниот изглед на своите фотографии без разлика да ли ги печати дома на инкџет или кај Драго во минилаб (тие што го преферираат Скопје - во Метеор).
Информативно, корисно, интересно.
Му благодариме на Давор и посакуваме барем уште еднаш да се повтори работилницава пред поголем број фотографи на есен.
Еве како сето тоа изгледаше...


















За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!