Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



Конкурс и подготовки за ФОТОМЕДИА 2008


E-mail this post



Remember me (?)



All personal information that you provide here will be governed by the Privacy Policy of Blogger.com. More...





Фото клуб „Елема“ од Скопје, во соработка со Фото сојуз на Македонија, распишува конкурс за 11-та меѓународната изложба ФОТОМЕДИА 2008.

Темата е слободна/отворена, а право на учество имаат сите фотографи од земјата и од странство. Секој фотограф може да приложи максимум четири фотографии (црно-бели или колор), со димензии од 20х30 до 30х45 сантиметри. На секоја од фотографиите на задната страна треба да биде напишано: име на авторот, име на фото клубот (доколку постои) и име на фотографијата. Учесниците можат да ги пратат своите фотографии на адреса „Партизански одреди“ 155-1/82, 1000 Скопје, или пак да ги донесат директно во просториите на Фото клуб „Елема“, секој понеделник од 20:30 до 22:30 часот.

Учеството за фотографите од странство изнесува 15 €, додека пак за домашните фотографи изнесува 200 ден.

Краен рок за доставување на фотографиите е 22. септември 2008 г. Доставените фотографии ќе бидат жирирани во сабота, 27. септември 2008 г. Изложбата традиционално ќе се отвори на денот на град Скопје – 13. Ноември.

Дарко Петровски
Претседател на Фото клуб „Елема“



Фотографите од “Чкрап!“ сериозно го сфатија горниов проглас и се подготвија за најпрестижната изложба на фотографии во Македонија - ФОТОМЕДИА.

Беше тоа прекрасно претпладне - правевеме фотографии, разговоравме за фотографијата, за трендовите во фотографијата и како тоа се одразува на конкурсите и жирирањето...

Фотографиите ги изработивме во престижното ФОТО студио МЛАДОСТ ака “кај Драго“, под калибрациската палка на Д.Спасоски (тој, пак, својот FUJI го оставил дома). Дарко се пофали со својот нов workhorse (Nikon D200), а и Ѓорѓи не бе ше за потценување со својот Canon D40 на кој имаше прикачена една “сурла“ од објектив. Неговиот колега - канонџијата Зоран гледаше сеир од страна и уживаше во фото дружбата. Самир и Дејан само протрчаа низ студиото... Наташа денес не не “дружеше“ Дел од атмосферата забележа Драги со својот мал Nikon D40.

Давор, Noritsu i FUJI Archive Paper си ја завршија работата без грешка.

Фотографиите се направени, а да ли тие ќе бидат по вкусот на жирито, и не е толку важно.

Во “Чкрап!“ фотографијата се ужива. Така беше и денес.













Се гледаме на ФОТОМЕДИА.


0 Responses to “Конкурс и подготовки за ФОТОМЕДИА 2008”

Leave a Reply

      Convert to boldConvert to italicConvert to link

 


За нас

Previous posts

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!