Фото клуб  „Елема“ од Скопје, во соработка со  Фото сојуз на Македонија, распишува  конкурс за 11-та меѓународната изложба  ФОТОМЕДИА 2008.
Темата е слободна/отворена,  а право на учество имаат сите фотографи  од земјата и од странство. Секој фотограф  може да приложи максимум четири фотографии  (црно-бели или колор), со димензии од 20х30  до 30х45 сантиметри. На секоја од фотографиите  на задната страна треба да биде напишано:  име на авторот, име на фото клубот (доколку  постои) и име на фотографијата. Учесниците  можат да ги пратат своите фотографии  на адреса „Партизански одреди“ 155-1/82,  1000 Скопје, или пак да ги донесат директно  во просториите на Фото клуб  „Елема“, секој понеделник од 20:30 до  22:30 часот. 
Учеството за фотографите  од странство изнесува 15 €, додека пак  за домашните фотографи изнесува 200 ден.
Краен рок за доставување  на фотографиите е 22. септември 2008 г. Доставените  фотографии ќе бидат жирирани во сабота,  27. септември 2008 г. Изложбата традиционално  ќе се отвори на денот на град Скопје –  13. Ноември.
Дарко Петровски
Претседател на Фото клуб „Елема“
 Stumble It!
0 Responses to “PHOTOMEDIA : Краен рок за македонски автори”
Leave a Reply