Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



Chkrap! Workshop - Colour Management

0 comments



Почитувани колеги, членови на ФКК „Чкрап", пријатели на фотографијата и уметноста,

Во рамките на активностите на ФКК „Чкрап" од Тетово и во негова организација, задоволство ми е да ве поканам на работилницата насловена „Colour Management - за фотографи", тема која верувам ќе го побуди Вашиот интерес поради секојдневното среќавање со овој термин и главно магловитото поимање за него.
Работилницата е замислена како двочасовно пладневно дружење каде во релаксирана атмосфера ќе одржам предавање во два дела со практичен дел, примена на Colour Management-от во Adobe Photoshop.
Темите за кои ќе се дискутираме се следниве:
• Природа на светлината
• Бојата како феномен
• Човековиот визуелен систем
• Уреди за репродукција на боја
• Системи за боја
• Колор таргети, калибрација, корекција, профилирање
• Колор менаџмент
• Туториал: Колор менаџмент во Photoshop, подготовка за печатење и инструкции за печатење на минилаб
Ве очекувам во недела, на 3 август 2008, во 11 часот во просториите на „Лоја" во Тетово.

Срдечен поздрав,

Давор Спасоски





Maria Thereza Alves
„What is the color of a German rose“, 2005.


Samir: маил за контакт да ставам
кој ?

Dragi: samo web www.chkrap.blogspot.com
jas ce sttavam pojasnuvanje - novosti po polovina cas

Samir: koj afotka da ja stavam ?
daj logoto od Chkraop da go stavam
mozes da mi go pratis

You cannot send files because Samir Ljuma is using chat in Gmail or is using another chat program.
Samir: odma

Dragi: najdi nesto za upravuvanje so boja (color management) na google i stavi za ilustracija

Sent at 7:19 PM on Wednesday
Samir: Ако се прашувате често „Зошто фотографиите кога ги печатам не се толку убави како на монитор?„ тогаш дефинитивно треба да ја посетите работилницата во организација на Фото Клуб Чкрап!

Dragi: i posle datum, cas i mesto... moze i predavac. teorija i mnogu praksa!
detalni ikonkretni upatstva...

Sent at 7:34 PM on Wednesday
Samir: dovolno e ova

Dragi: da

Samir: ima datum i vreme i lokacija

Sent at 7:38 PM on Wednesday
Samir: i veke 150 ludje pokaneti
odnosno informirani
pARDON 119

Dragi: well done! (uf, dobro napraveno!)
a ti, ne si tuka?

Samir: NWE
NE SUM
ZA ZAL
Ај вил би ин белгрејд он д адр воршоп
Сејлс енд маркетинг ин д радио
сејлс техникс


Ако уште не Ви е јасно за што станува збор...
Во недела, на 3 август 2008 година, со почеток во 11.00 часот, во (разладените) простории на ЛОЈА (таму каде што ги одржуваме нашите изложби на фотографии), Давор Спасоски - фотограф и инженер, специјално за Вас ќе направи една работилница (workshop) за управување со бојата во дигиталната фотографија (или така некако).

Многу практично и корисно.
Повелете.

Влез слободен, а ако си понесете и “стикче“ ќе може да ја снимите презентацијата изработена во “моќна точка“ (power point).


ЛЕТНА ФОТО ШКОЛА

0 comments



1. Во светот на туризмот не е веќе доволно да имате обезбедено пансион и панорамско разгледување на градот или “all included“ бесцелно излежување на некоја плажа.
Туризам исполнет со квалитетни содржини е тоа што се повеќе се бара.

2. Во Македонија дури последниве години срамежливо се појавуваат програми во некои приватни школи каде што можете да научите нешто за фотографијата. Инаку сте препуштени на лутање низ пространставата на интернет, правење кич фотографии и неумерена (зло)упоптреба на фотошоп.

Е, сега, ако сакате да поминете квалитетен мал годишен одмор, а притоа да совладате еден напреден курс за фотографија низ предавањата на двајца стручњаци од оваа област - тоа може да го направите ВЕДНАШ! (телефоните се подолу во текстот). БРОЈОТ НА УЧЕСНИЦИ Е ОГРАНИЧЕН!

Сега читајте внимателно и се гледаме во Маврово!

Македонскиот центар за фотографија
Ве поканува на
ЛЕТНА ФОТО ШКОЛА
П Е Ј С А Ж

21 – 27 јули 2008 во х. Алпина, Маврово
Предавачи: Румен Ќамилов и Роберт Јанкулоски

______________________________________

Летната школа е дел од проектот Поинаков поглед кој е поддржан од Швајцарската програма за култура во Македонија

Летната школа е наменета эа сите вљубеници во фотографијата кои имаат основни поэнавања од фотографската техника односно самостојно користат фотографска камера. Во рамките на летната школа ќе бидат организирани работилници кои предвидуваат тематски предавања эа пејсажна фотографија и эа техники на снимање, како и практична работа. Практичната работа ќе биде поделена на два дела: снимање (иэбор на мотив, светло, компоэиција) и обработка и аналиэа на снимениот материјал. Заради иэбор на повеќе мотиви при снимањето, во рамките на летната школа ќе се органиэираат екскурэии во околните места. Секој слушател треба да поседува сопствен дигитален фотоапарат а органиэаторот обеэбедува професионални средноформатни фотокамери, панорамска камера како и материјал эа снимање и раэвивање. Раэвиените црно-бели негативи ќе се скенираат и ќе се обработуваат на компјутер. На крајот ќе биде организирана изложба на фотографии од работилницата.

Најново! ЦЕНИТЕ СЕ НАМАЛЕНИ!
Цена: 6.000,00 денари эа трокреветна соба или 8.000,00 денари эа двокреветна соба.
Во цената е вклучено: шест полни пансиони во х. Алпина (www.hotel_alpina@yahoo.com), тематска обука, фото материјали и опрема за обработка на фотографии, иэработка на фотографии эа иэложба и работни екскурэии. Во цената не се вклучени трошоците эа транспорт од местото на живеење до Маврово. Постои можност эа органиэиран превоэ Скопје-Маврово-Скопје со доплата.
Рокот эа пријавување е 18.07.2008 (петок). За пријавување и подетални информации јавете се на тел. 071 309 994.

Во продолжение Ви доставуваме кратка информација за секој од обучувачите.

Румен Ќамилов е еден од најафирмираните македонски фотографи, кој професионално се эанимава со фотографија повеќе од 35 години. Потребата да ги прикаже убавините на Македонија и студиоэноста со која приоѓа при снимање на пејсажите, направиле да биде поэнат и надвор од Македонија. Особено е интересно неговото искуство како фотограф на македонската алпинистучка експедиција на Хималаите. Бил долгогодишен предавач по предметот фотографија на Факултетот эа ликовни уметности во Скопје. Автор е на многу фотографски проекти од кои ги иэдвојуваме само оние посветени на пејсажната фотографија: Франција (Париэ 1999 Fenetre ouvert sur Macedonie), Лисабон (1998 EXPO), Проект "Magic lights of Macedonia", Проекти эа Скопје "City of seven gates", "City to be discovered".



Роберт Јанкулоски е фотограф и директор на Македонскиот центар эа фотографија. Предава фотографија на неколку програми во Република Македонија. Има одржано 18 самостојни иэложби во Македонија, Бугарија, Австрија и Србија. Учествувал на многу групни иэложби вклучувајќи ги Манифеста 1 - Европско биенале на современи уметности во Луксембург 1996, Context Europe (Импулс од Балкан) во Лион, 2003. Добитник е на повеќе награди эа фотографија. Има работено како фотограф на долгометражни филмови и има снимено неколку документарни филмови.


JPG Magazine is about imagemaking without attitude

0 comments

JPG Magazine is about imagemaking without attitude.



JPG Магазинот - фотографија без предрасуди. Ова би бил (според моето скромно познавање на англискиот јазик) преводот на девизата на овој e-zine.

Шестпати годишно излегува печатеното издание.
Онлајн изданието може да го побарате тука.
Покрај ова JPG е место каде што фотографите разменуваат фотографии, совети и критики.
JPG има стекнато убав статус меѓу фотографската популација на дигиталната (и аналогната) ера на фотографијата и на фотографите кои секојдневна навика и потреба им се фотографијата, Photoshop и сурфањето низ мрежата...

Еве го и Ѓорѓи Ристоски од Чкрап! на JPG.


TRASH made by ASM!

0 comments



Денеска се снимаше првото издание на АСМ. Но, поради технички проблеми ќе има малку закаснување на аплоадот пошто YouTube срањето многу заебава па сеа да видимо Google Video. Се планираше од кај 00ч. да може да се гледа, но ете не испадна како што беше планирано...
Иначе денеска беше почетокот и запознавањето со членовите и неколку интересни клипчиња на јадење гомна, смеење, грицкање семки и неколку интервјуа, доста интересни интервјуа. Се надеваме дека ќе уживате во нашето прво издание кога ќе го изгледате.
Исто така може некој да забележа грешки на блогов, да фали некоја слика или нешто слично. Тоа не е наша кривица, али ќе покушам да ја средим. Во блиска иднина ќе има и обичен веб сајт, дали на пицзо или некоја друга бесплатна страна, битно ќе има.

Поздрав од тимот на АСМ!


Ова е еден од најновите постови на блогот на АСМ.
Кои се АСМ?



Случајно ги запознав вчера. Млади момци од Тетово кои повеќе несвесно отколку свесно, подобро од било која социолошка студија го отсликуваат времево денешно во Тетово, Македонија, во 2008 година, нивниот поглед на светот. Преку визурата на овој mix од адолесценти, хеви металци и момчиња од соседството со помош на "videoto" (и понекоја фотографија), рендгенски точно е отсликан нивниот (нашиот?) свет...







Чист TRASH! Што “попрљаво“ - тоа подобро!, е нивната девиза. Тоа што некритички (и доста лошо ги копираат К-15) е уште еден плус (доказ) за целото “с**ње“ како што би рекле тие...

Најмногу ме радува сознанието дека има (млади) луѓе кои се, (или барем се трудат) да бидат креативни. И затоа ги поддржувам 100%!


За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!