1. Во светот на туризмот не е веќе доволно да имате обезбедено пансион и панорамско разгледување на градот или “all included“ бесцелно излежување на некоја плажа.
Туризам исполнет со квалитетни содржини е тоа што се повеќе се бара.
2. Во Македонија дури последниве години срамежливо се појавуваат програми во некои приватни школи каде што можете да научите нешто за фотографијата. Инаку сте препуштени на лутање низ пространставата на интернет, правење кич фотографии и неумерена (зло)упоптреба на фотошоп.
Е, сега, ако сакате да поминете квалитетен мал годишен одмор, а притоа да совладате еден напреден курс за фотографија низ предавањата на двајца стручњаци од оваа област - тоа може да го направите ВЕДНАШ! (телефоните се подолу во текстот). БРОЈОТ НА УЧЕСНИЦИ Е ОГРАНИЧЕН!
Сега читајте внимателно и се гледаме во Маврово!
Македонскиот центар за фотографија
Ве поканува на
ЛЕТНА ФОТО ШКОЛА
П Е Ј С А Ж
21 – 27 јули 2008 во х. Алпина, Маврово
Предавачи: Румен Ќамилов и Роберт Јанкулоски
______________________________________
Летната школа е дел од проектот Поинаков поглед кој е поддржан од Швајцарската програма за култура во Македонија
Летната школа е наменета эа сите вљубеници во фотографијата кои имаат основни поэнавања од фотографската техника односно самостојно користат фотографска камера. Во рамките на летната школа ќе бидат организирани работилници кои предвидуваат тематски предавања эа пејсажна фотографија и эа техники на снимање, како и практична работа. Практичната работа ќе биде поделена на два дела: снимање (иэбор на мотив, светло, компоэиција) и обработка и аналиэа на снимениот материјал. Заради иэбор на повеќе мотиви при снимањето, во рамките на летната школа ќе се органиэираат екскурэии во околните места. Секој слушател треба да поседува сопствен дигитален фотоапарат а органиэаторот обеэбедува професионални средноформатни фотокамери, панорамска камера како и материјал эа снимање и раэвивање. Раэвиените црно-бели негативи ќе се скенираат и ќе се обработуваат на компјутер. На крајот ќе биде организирана изложба на фотографии од работилницата.
Најново! ЦЕНИТЕ СЕ НАМАЛЕНИ!
Цена:
6.000,00 денари эа трокреветна соба или
8.000,00 денари эа двокреветна соба.
Во цената е вклучено: шест полни пансиони во х. Алпина (www.hotel_alpina@yahoo.com), тематска обука, фото материјали и опрема за обработка на фотографии, иэработка на фотографии эа иэложба и работни екскурэии. Во цената не се вклучени трошоците эа транспорт од местото на живеење до Маврово. Постои можност эа органиэиран превоэ Скопје-Маврово-Скопје со доплата.
Рокот эа пријавување е 18.07.2008 (петок). За пријавување и подетални информации јавете се на тел. 071 309 994.
Во продолжение Ви доставуваме кратка информација за секој од обучувачите.
Румен Ќамилов е еден од најафирмираните македонски фотографи, кој професионално се эанимава со фотографија повеќе од 35 години. Потребата да ги прикаже убавините на Македонија и студиоэноста со која приоѓа при снимање на пејсажите, направиле да биде поэнат и надвор од Македонија. Особено е интересно неговото искуство како фотограф на македонската алпинистучка експедиција на Хималаите. Бил долгогодишен предавач по предметот фотографија на Факултетот эа ликовни уметности во Скопје. Автор е на многу фотографски проекти од кои ги иэдвојуваме само оние посветени на пејсажната фотографија: Франција (Париэ 1999 Fenetre ouvert sur Macedonie), Лисабон (1998 EXPO), Проект "Magic lights of Macedonia", Проекти эа Скопје "City of seven gates", "City to be discovered".
Роберт Јанкулоски е фотограф и директор на Македонскиот центар эа фотографија. Предава фотографија на неколку програми во Република Македонија. Има одржано 18 самостојни иэложби во Македонија, Бугарија, Австрија и Србија. Учествувал на многу групни иэложби вклучувајќи ги Манифеста 1 - Европско биенале на современи уметности во Луксембург 1996, Context Europe (Импулс од Балкан) во Лион, 2003. Добитник е на повеќе награди эа фотографија. Има работено како фотограф на долгометражни филмови и има снимено неколку документарни филмови.
0 Responses to “ЛЕТНА ФОТО ШКОЛА”
Leave a Reply