Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



Каде ќе оди фотографијата во новата година?

0 comments

Драги Неделчевски напиша колумна за сајтот на Фото сојуз на Македонија, на тема: Каде ќе оди фотографијата во новата година (2013).

Прочитај тука.




КОСА - Преку ноќ

0 comments

Прв сингл на Милан Миланов КОСА од Тетово со песната „Преку ноќ“. Видеото го сними и го режираше Драги Неделчевски од Фотогрупата Чкрап! во продукција на POSITIVELY DIRTY MINDED.



"Music video by Milan Milanov KOSA performing his first single, “Preku nokj” © 2012 POSITIVELY DIRTY MINDED PRODUCTION ALL RIGHTS RESERVED. Video: Directed by Dragi Nedelchevski, Camera: Dragi Nedelchevski, Editing: Gligur Djordjevski. Music, arrangement & production: Lazar LCV Cvetkovski & Milan Milanov KOSA, Lyrics : Milan Milanov KOSA. December 2012, Tetovo, Republic of Macedonia."

Линк до видеото: тука.

© Chkrap!*2012


Чкрап! ФОТОГРАФИИ 2012 - Рипорт

0 comments



Без царски рез, но со вообичаени породилни маки, Фото групата „Чкрап!“ од Тетово се породи по деветти пат, и на своите сограѓани, а и на на љубопитната фотографска публика од цела Македонија, им подари уште една изложба на фотографии. Годинава свои фотографии изложија 16 фотографи од актуелниот состав на „Чкрап!“. Ветераните рамо до рамо со веќе зрелите помлади членови како и со дебитантите кои ги имаше неколкумина годинава.

16 автори - 16 фотографии. Боби, Драги Мирче, Гоце, Мери, Давор, Томе, Андреа, Сашко, Филип, Дијана, Александра, Зоран, Елена, Сашо и Игор.

Во различни техники и формати, со различни начини на гледање на сето она што не окружува, фотографите од „Чкрап!“ се претставија со преку 40 фотографии. Ниските температури не ги спречија љубителите на фотографијата да дојдат,а отворањето на изложбата на 15.12.2012 година во Центарот за култура „Иљо Антески - Смок“ во Тетово.

Сепак годинава повеќе е забележлива смената на генерациите, како на страната на фотографите, така и кај публиката. Недостасуваа некои од врвните „чкраповци“, а и дел од публиката која сиве овие години како вистински „групис“ доаѓаа на изложбите на „Чкрап!“ како да ги снема некаде. Но, тоа е веројатно природен процес. енивеј, беше тоа интересна и чинам квалитетна изложба на рецентната продукција на фотографите од „Чкрап!“

„Чкрап!“ им се заблагодарува и на колегите од Елема од Скопје, од Фото клубот Битола и од групата Ф7 од Куманово, кои со своето присуство на изложбата и дадоа поголемо значење.

Да не должам, еве неколку фотографии од „настанот“...





































Фотографии: Драги, Ацо, Томе, Филип, Зоран и Александар.

© Chkrap!*2012


Countdown - Fotografii 2012

0 comments

Фото група “Чкрап!“- Тетово



Во далечната 1980 година Илија Милановски, Драги Неделчевски и Зоран Андонов, во Домот на културата “Иљо Антески – Смок“ од Тетово, со менторство на академскиот сликар АЛЕКСАНДАР НАСТЕСКИ, раководител на Ликовното ателје при Домот на културата, го основаа Фотокино Студиото.

Во 2001 година, на почетокот на 21-от век, Фотокино Студиото (неговите членови и сета нивна опрема) беа исфрлени од просториите на Домот на културата. Фотографите останаа без фото лабораторија, без простор за работа и изложување фотографии...

Драги Неделчевски и Зоран Андонов, заедно со Самир Љума, со поттик и помош од нивните пријатели – фотографи од Скопје, тогашниот претседател на Фото сојузот на Македонија – Цветан Гавровски и секретарот на Кино сојузот на Македонија – Роберт Јанкуловски, кон крајот на 2003 година го основаа Фотокино клубот “ТЕТОВО“. Веќе во 2004 година клубот го смени името во Фотокино клуб “Чкрап!“ од Тетово, а денес тоа е Фото групата „Чкрап!“ од Тетово. За претседател на клубот беше избран Драги Неделчевски, а за секретар беше избран Самир Љума. Миодраг Николиќ – Панта беше избран за почесен член на “Чкрап!“, а клубот му додели признание за неговото фотографско дело. Во април 2004 година во Основното музичко училиште “Тодор Скалоски – Тетоец“ од Тетово беше организирана првата заедничка изложба на фотографии на членовите на клубот.

За неколку години “Чкрап!“ стана важен дел од фотографското живеење во Тетово и Македонија. Повеќе членови на “Чкрап!“ постигнаа големи успеси на изложбите на фотографија во Македонија и во странство, освојувајќи награди со своите фотографии.
Покрај Драги Неделчевски, Зоран Андонов, Самир Љума, имињата на Давор Спасоски, Ѓорѓи Ристоски, Дарко Наумовски, Мирче Новаковски, Александар Стојановски-Цули, Мимоза Велиу, Боби Дојчиновски, Зоран Бојаџиески, Андреа Ѓорѓески, Борче Сиљјаноски, Сашо Тоиќ, и многу други (млади фотографи) се почесто се спомнуваат на македонската фотографска сцена, а во поново време тука се и Гоце Димитриевски, Елена Трпчевска, Игор Ѓорѓевски, Сашко Илов – Дете, Томе Наумовски, Александра Новеска, Мери Каталиниќ, Филип Трпески и Дијана Богдановска.



Од 2004 година до денес, секоја година, во месец декември се одржува годишната изложба на фотографии на членовите на клубот. Таа стана веќе традиционална и секогаш го привлекува вниманието на медиумите и публиката. Клубот активно соработува и со другите фотоклубови од Македонија, Фото сојузот на Македонија, Кино сојузот на Македонија, Македонскиот центар за фотографија...

Фотографите од Фотокино клубот “Чкрап!“ од Тетово и во 2012 година продолжуваат да живеат со фотографијата и за фотографијата, ги следат современите трендови, ги подигаат стандардите во визуелната култура... а сето тоа го прават скромно и тивко, а со “чкрапањето“ на своите фотокамери оставаат трајни траги во македонската фотографија.

Од 2004 “Чкрап!“има и свој блог на http://www.chkrap.blogspot.com.

***

© Драги Неделчевски*2012

Отворање на изложбата на фотографии на Фото групата „Чкрап!“ од Тетово е на 15 декември 2012 година, во 19.00 часот, во фоајето на Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ во Тетово.

Повелете!

© Chkrap! * 2012


Ирена Мила на веб

0 comments



Ви кажав дека си имам веб од овој момент? http://irenamila.com/ Фала многу Elena Fidanska ти си кралица, фала и Petar Sokarovski ти си тивок крал! ***



Честитки од „Чкрап!“
© Chkrap!*2012


ДАЛИ ФОТОГРАФИЈАТА Е МРТВА?

0 comments

ДАЛИ ФОТОГРАФИЈАТА Е МРТВА?


© Александар Кондев

Во една дамнешна монархија кога умрел кралот и го прогласиле новиот крал, извикале: "Кралот е мртов, да живее кралот!".
Навистина далеку е од умот дека фотографијата е мртва. Поточно, треба да се запрашаме која фотографија изумира. Во кратки црти ке се потрудам да ги искажам моите размислувања за ова прашање.

Со појавата на фотографијата во првата половина на 19-тиот век, на цел глас се зборувало дека фотографијата ке го уништи сликарството. За ограничените умови, сликарството беше практичното забележување на реалното со сликарска метода. Точно таквото сликарство исчезна, сите оние кои се занимаваа со документирано сликарство, мораа да се повлечат пред ефикасноста на фотографијата на тоа поле. Но што се случи. Сликарството ослободено од стегите на документарноста доби креативен подем и годините што следеа, се едни од најславните страници на Историјата на сликарството и уметноста.

Фотографијата од друга страна, беше прифатена како рамноправна уметничка дисциплина со свои изрзито естески, технички и кретивни одлики, таа станува базен медиум на новите визуелни уметности базирани врз техничката револуција (филм, видео, ТВ), исто како и сликарството кое е базен медиум за визуелните уметности како графиката и дизајнот.

Но, појавата на дигиталната фотографија, не претставува само технолошка револуција. Во основа таа е и социјална револуција. Експлозијата на слики создадена со "гаџет"-ите, како телефоните на пример, доведе аналогно на она што се случуваше во 19-иот век со сликарите минијатуристи, да исчезнат од пазарот и од уметничката сцена, така сега исчезнуваат оние кои фотографијата ја работеле како занимање или занает.

Денес секој може да фотографира. Големото техничко знаење кое беше потребно да се направи фотографијата е сублимирано во фотографските програми и чипови. Она што ја одушевуваше публиката како брилијантна техничка изведба денес е исклучително лесно да се постигне. Замислете денес еден Ман Реј со неговите соларизации буквално се надминати, и тие повеќе се дел од Историјата на уметноста отколку визуелен предизвик, бидејќи наместо сложената фотографска постапка сега имаме само едно притискање на типката на тастатурата, па како вредност останува идејата на авторот а не техничката постапка.

А денес се патува по целата планета и нема мотив кој не е достапен за обичниот љубител на фотографија, значи нема ни ексклузивни мотиви, кои своевремено ги одвојуваа одредени автори од други, односно да бидат на местата кои се екслузивно одредени за нив.

И секако ќе си го пставите прашањето, па кој дел односно која фотографија ке преживее?
Одговорот е јасен и видлив, но само еден дел од фотографската јавност не го гледа или не сака да го види.
Ке остане онаа фотографија која во себе ќе има креативност, која ќе има вистинска порака, која со помош на фотоапаратот ќе понуди нови идеи и гледања, фотографија која ќе биде предизвикувачка, затоа што уметноста за разлика од документот и кичот, се доживува трансцедентално, метафизички, ментално и субјективно, таа не се поистоветува со мислењето дека уметноста е преслкување на природата (мимезис, според Аристотел).

Со современите дигитални техники лесно ќе ја откриеме лагата, лажните пораки, и недостаток на талент, како и искреност во творештвото.
Секако ќе отпаднат како сув лист и баналните клишеа кои не оптоваруваат и не бркаат од Салоните и Изложбите на фотографии. Тие автори можат да се кријат зад звања во Асоцијациите и стекнати репутации, но времето ќе го направи своето и тие дела како и многу други нема да го преживеат судот на времето.
Сето ова излагање е во рамките на моите размислувања за "чистата" фотографија.
Дигитализацијата создаде една подгрупа или еден нов медиум кој условно го нарекуваме "Дигитал Арт". Тој не е фотографија, зошто дел од неговите творечките постапки се преземени од сликарството а дел од фотографијата. Него го напаѓаат и фотографите и сликарите.

Треба да бидеме праведни, тоа е нов вид уметност. Таа уметност треба полека да оформи своја естетика дури и клишеа, што е карактеристично за сите уметности, таа ќе го користи просторот меѓу фотографијата и сликарството и во зависност од имагинацијата на авторите ќе бидат повеќе или помалку вреднувани, но делата, никако не треба да се исклучуваат од креативниот простор или пак да им се оспорува уметничката вредност.
На фотографите, им претстои долг и тежок пат за да ја откријат но и да ја освојат новата слобода и новите можности што ни ги дава технолошкиот напредок. Исклучивоста, држењето до старите клишеа, затвореноста кон новите сознанија, само ќе доведе до болно соочување со вистината на оние фотографи кои несакаат да ги видат овие промени.

„Панта реи“ - рекол Хераклит, се тече и се се менува, така и фотографијата.
© Александар Кондев, Скопје, 2012

© Chkrap!*2012


© Александар Кондев

Александар Кондев е роден во Скопје 1950 година . Фотографира од 1960. Rаботи експерименталeн филм. Членува во ФК „Вардар“и ФК “25“. Во 1984 станува Претседател на ФСМ. Активно соработува со КПЗ на Скопје. Од 1994 до 2001 работи како предавач по предметот фотграфија на студентите од трета година на ФЛУ во Скопје.
Уредува книги и монографии, а клиенти му се повеќе фирми и институции во РМ. Активен е на изложбено поле. Има повеке самостојни и групни изложби Посебно треба да се истакне организирањето и водењето на интернационалните фото семинари за современа фотографи. Работи во Скопје како СЛОБОДЕН фотограф.




„Чкрап!“ - ФОТОГРАФИИ 2012 на 15 декември 2012

0 comments


© Мирче Новаковски, Spock-3

Фото групата „Чкрап!“ од Тетово, секој декември организира изложба на фотографии на своите членови. Еве, веќе деветта година по ред (за наши услови тоа е завидна традиција), на тетовската и на македонската публика со свои фотографии, снимени главно годинава, ќе и се претстават околу 15-ина фотографи. Изложбата нема натпреварувачки карактер. Темата е слободна. Секој автор има неограничена слобода на изразување на своето видување во фотографијата. Нема ограничување во форматот, бројот на изложени дела, техниката која се користи...

Традиција е на секоја изложба да им се дава шанса на фотографи кои до сега не изложувале, секако ако нивните дела ги задоволуваат критериумите на „Чкрап!“. Така и годинава. Изненадувањето го чуваме за отворањето на изложбата.

Изложбата ќе биде отворена на 15 декември 2012 година (сабота) во 19.00 часот, во Центарот за култура „Иљо Антески - Смок“ во Тетово.

Фото групата „Чкрап!“ Ве поканува, доколку сте во можност да дојдете на нашата изложба, да ги погледате фотографиите и да размените неколку зборови со авторите кои ќе бидат присутни за нашата заедничка тема на интерес - фотографијата.


© Андреа Ѓорѓески, е_1


© Гоце Димитриевски, Loneliness

© Chkrap!*2012


TED - Ramesh Raskar: Imaging at a trillion frames per second

0 comments


Photomedia_2012_Invitation

0 comments


За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!