Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



ДАЛИ ФОТОГРАФИЈАТА Е МРТВА?


E-mail this post



Remember me (?)



All personal information that you provide here will be governed by the Privacy Policy of Blogger.com. More...



ДАЛИ ФОТОГРАФИЈАТА Е МРТВА?


© Александар Кондев

Во една дамнешна монархија кога умрел кралот и го прогласиле новиот крал, извикале: "Кралот е мртов, да живее кралот!".
Навистина далеку е од умот дека фотографијата е мртва. Поточно, треба да се запрашаме која фотографија изумира. Во кратки црти ке се потрудам да ги искажам моите размислувања за ова прашање.

Со појавата на фотографијата во првата половина на 19-тиот век, на цел глас се зборувало дека фотографијата ке го уништи сликарството. За ограничените умови, сликарството беше практичното забележување на реалното со сликарска метода. Точно таквото сликарство исчезна, сите оние кои се занимаваа со документирано сликарство, мораа да се повлечат пред ефикасноста на фотографијата на тоа поле. Но што се случи. Сликарството ослободено од стегите на документарноста доби креативен подем и годините што следеа, се едни од најславните страници на Историјата на сликарството и уметноста.

Фотографијата од друга страна, беше прифатена како рамноправна уметничка дисциплина со свои изрзито естески, технички и кретивни одлики, таа станува базен медиум на новите визуелни уметности базирани врз техничката револуција (филм, видео, ТВ), исто како и сликарството кое е базен медиум за визуелните уметности како графиката и дизајнот.

Но, појавата на дигиталната фотографија, не претставува само технолошка револуција. Во основа таа е и социјална револуција. Експлозијата на слики создадена со "гаџет"-ите, како телефоните на пример, доведе аналогно на она што се случуваше во 19-иот век со сликарите минијатуристи, да исчезнат од пазарот и од уметничката сцена, така сега исчезнуваат оние кои фотографијата ја работеле како занимање или занает.

Денес секој може да фотографира. Големото техничко знаење кое беше потребно да се направи фотографијата е сублимирано во фотографските програми и чипови. Она што ја одушевуваше публиката како брилијантна техничка изведба денес е исклучително лесно да се постигне. Замислете денес еден Ман Реј со неговите соларизации буквално се надминати, и тие повеќе се дел од Историјата на уметноста отколку визуелен предизвик, бидејќи наместо сложената фотографска постапка сега имаме само едно притискање на типката на тастатурата, па како вредност останува идејата на авторот а не техничката постапка.

А денес се патува по целата планета и нема мотив кој не е достапен за обичниот љубител на фотографија, значи нема ни ексклузивни мотиви, кои своевремено ги одвојуваа одредени автори од други, односно да бидат на местата кои се екслузивно одредени за нив.

И секако ќе си го пставите прашањето, па кој дел односно која фотографија ке преживее?
Одговорот е јасен и видлив, но само еден дел од фотографската јавност не го гледа или не сака да го види.
Ке остане онаа фотографија која во себе ќе има креативност, која ќе има вистинска порака, која со помош на фотоапаратот ќе понуди нови идеи и гледања, фотографија која ќе биде предизвикувачка, затоа што уметноста за разлика од документот и кичот, се доживува трансцедентално, метафизички, ментално и субјективно, таа не се поистоветува со мислењето дека уметноста е преслкување на природата (мимезис, според Аристотел).

Со современите дигитални техники лесно ќе ја откриеме лагата, лажните пораки, и недостаток на талент, како и искреност во творештвото.
Секако ќе отпаднат како сув лист и баналните клишеа кои не оптоваруваат и не бркаат од Салоните и Изложбите на фотографии. Тие автори можат да се кријат зад звања во Асоцијациите и стекнати репутации, но времето ќе го направи своето и тие дела како и многу други нема да го преживеат судот на времето.
Сето ова излагање е во рамките на моите размислувања за "чистата" фотографија.
Дигитализацијата создаде една подгрупа или еден нов медиум кој условно го нарекуваме "Дигитал Арт". Тој не е фотографија, зошто дел од неговите творечките постапки се преземени од сликарството а дел од фотографијата. Него го напаѓаат и фотографите и сликарите.

Треба да бидеме праведни, тоа е нов вид уметност. Таа уметност треба полека да оформи своја естетика дури и клишеа, што е карактеристично за сите уметности, таа ќе го користи просторот меѓу фотографијата и сликарството и во зависност од имагинацијата на авторите ќе бидат повеќе или помалку вреднувани, но делата, никако не треба да се исклучуваат од креативниот простор или пак да им се оспорува уметничката вредност.
На фотографите, им претстои долг и тежок пат за да ја откријат но и да ја освојат новата слобода и новите можности што ни ги дава технолошкиот напредок. Исклучивоста, држењето до старите клишеа, затвореноста кон новите сознанија, само ќе доведе до болно соочување со вистината на оние фотографи кои несакаат да ги видат овие промени.

„Панта реи“ - рекол Хераклит, се тече и се се менува, така и фотографијата.
© Александар Кондев, Скопје, 2012

© Chkrap!*2012


© Александар Кондев

Александар Кондев е роден во Скопје 1950 година . Фотографира од 1960. Rаботи експерименталeн филм. Членува во ФК „Вардар“и ФК “25“. Во 1984 станува Претседател на ФСМ. Активно соработува со КПЗ на Скопје. Од 1994 до 2001 работи како предавач по предметот фотграфија на студентите од трета година на ФЛУ во Скопје.
Уредува книги и монографии, а клиенти му се повеќе фирми и институции во РМ. Активен е на изложбено поле. Има повеке самостојни и групни изложби Посебно треба да се истакне организирањето и водењето на интернационалните фото семинари за современа фотографи. Работи во Скопје како СЛОБОДЕН фотограф.




0 Responses to “ДАЛИ ФОТОГРАФИЈАТА Е МРТВА?”

Leave a Reply

      Convert to boldConvert to italicConvert to link

 


За нас

Previous posts

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!