World Press Photo 2012 во Скопје
Published петок, јуни 15, 2012 by
Chkrap! | E-mail this post
На 7. јуни 2012 со почеток во 20:00 часот, во мултимедијалниот центар Мала станица беше отворена изложбата World Press Photo Exhibition 2012.Оваа патувачка изложба, единствена од овој вид, во Скопје ја организира Македонскиот центар за фотографија во соработка со Национална галерија на Македонија и со финансиска поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија.
World Press Photo Exhibition е највлијателната изложба на новинска фотографија во светот, која промовира високи професионални стандарди во фотографијата и непречен проток на информации до најшироката јавност. Изложбата е резултат на меѓународен конкурс за новинска фотографија кој се објавува секоја година. На конкурсот учествуваат фотографи, новински агенции, печатени медиуми и списанија од целиот свет, а меѓународно жири составено од 19 членови ги оценува нивните фотографии, во девет различни категории.
Прекрасни принтови, големи формати, совршена подготовка и организација на изложбата е она што се гледа на прв поглед, а за подлабока анализа на фотографиите, поготово нивниот избор, местата и државите каде што се снимени, зошто главно само трагедии, зошто главно само т.н. втор или трет свет (само една или две фотографии снимени во Западна Европа, на пример, како тука ништо да не се случува), каква порака се испраќа до гледачот со еден таков „црно-бел“ поглед на светот, дали е тоа намерно, перфидно, или пак едноставно луѓето сакаат да гледаат трагедии што им се случуваат на другите - за тоа другпат во друга прилика. Сега да уживаме во фотографиите како фотографии (без да бараме некој поддтекст, иако Ви понудив доста материјал за размислување...) Сепак, World Press Photo e "must see exhibition".
Изложбата ќе биде отворена до 28 јуни 2012 година.
Повеќе фотографии
тука.
© Chkrap! 2012 и Македонски центар за фотографија.
0 Responses to “World Press Photo 2012 во Скопје”
Leave a Reply