Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



Happy New Year 2007 :)

0 comments



Фотокино клуб ТЕТОВО - Chkrap!, на сите свои членови, почитувачи, пријатели, колеги, помагачи... и на сите добронамерни луѓе, им ги честита новата 2007 година и сите други празници и им посакува многу добри фотографии, изложби и... добро светло!
Чкрап!


Pictures of an Exhibition

0 comments



Ете, и ФОТОГРАФИИ 2006 - изложбата на фотографии на членовите на Фотокино клуб ТЕТОВО од Тетово (Chkrap!), беше отворена на 21.12.2006 година во МАЦ - Тетово.

Имаше многу луѓе од Тетово, Скопје...

Чкраповци се претставија во убаво (фотографско) светло - 60 фотографии, 16 автори во прекрасниот амбиент на МАЦ (ЛОЈА).
Иако изложбата беше посветена на јубилејот - 60 години Народна техника на Македонија, од таму не дојде никој. Anyway, честитки до нив и наша голема благодарност за подршката во нашата работа.

Еве неколку “слики од изложбата“ за тие што не беа таму...













© Chkrap! 2006


Изложба на фотографии во Тетово

0 comments



Традиционалната изложба на фотографии на членовите на Фото кино клубот ТЕТОВО (Чкрап!), ќе биде отворена во четврток, на 21 декември 2006 година во 20.00 часот.
Годинава, изложбата е посветена на одбележувањето на 60 години Народна техника во Македонија.



16 фотографи од ФКК Тетово ќе изложат околу 60 фотографии. Изложбата ќе биде поставена во просториите на ЛОЈА - МАЦ од Тетово. Влез - слободен.







И Вие што го читате (гледате) овој post, сметајте дека сте поканети на изложбата. Повелете!

Им се заблагодаруваме на Фото сојузот на Македонија, ЦБЦ Лоја,МАЦ, Фото LUX, Arbëria Design и Caffe MADISON, сите од Тетово за подршката при реализација на изложбата.

Чкрап!


Изложба на женски актови

0 comments


Вчера вечер (12.12.2006), во „Мала станица“ беше отворена изложба на фотографии на тема женски актови на фотографот Владимир Арсовски. Иако се работи за искусен фотограф со итернационално искуство (работел за Загрепски Вјесник), ова е негова прва самостојнa изложба. Имав прилика да ги видам големо-форматните актови и можaм слободно да кажам дека се работи за посебна категорија со самото тоа што форматот е „огромен“ за нашите секојдневни поимања. Сигурен сум дека доколку ја посетите изложбата ќе доживеете посебни чувства и восхит кон делата кои се прикажани. Имав прилика да поразговарам со авторот кој ми објасни дека дел од фотографиите се направени во среден формат 6x7 а дел од нив со современ дигитален фотоапарат. Одлична прилика да видите спој на најдоброто традиционално и современото.

Chkrap!






ФОТОГРАФИИ 2006

0 comments



© d.nedelchevski*2006


Фото кино клуб ТЕТОВО
Chkrap!

Изложба на фотографии
ФОТОГРАФИИ 2006

21 декември 2006 година, 20.00 часот
МАЦ Тетово


За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!