Изложба на женски актови
Published среда, декември 13, 2006 by
Davor Spasoski | E-mail this post
Вчера вечер (12.12.2006), во „Мала станица“ беше отворена изложба на фотографии на тема женски актови на фотографот Владимир Арсовски. Иако се работи за искусен фотограф со итернационално искуство (работел за Загрепски Вјесник), ова е негова прва самостојнa изложба. Имав прилика да ги видам големо-форматните актови и можaм слободно да кажам дека се работи за посебна категорија со самото тоа што форматот е „огромен“ за нашите секојдневни поимања. Сигурен сум дека доколку ја посетите изложбата ќе доживеете посебни чувства и восхит кон делата кои се прикажани. Имав прилика да поразговарам со авторот кој ми објасни дека дел од фотографиите се направени во среден формат 6x7 а дел од нив со современ дигитален фотоапарат. Одлична прилика да видите спој на најдоброто традиционално и современото.
Chkrap!
0 Responses to “Изложба на женски актови”
Leave a Reply