Design©Драги Неделчевски*2005
Самир Љума и Давор Спасоски се најуспешните фотографи од Фото кино клуб ТЕТОВО во годинава што изминува. Со нивното учество на домашни изложби и конкурси во странство, освоените награди и признанија (Самир - Денови на македонската фотографија - Штип 2005, Куманово 2005, Бања Лука...), Давор (Konica Minolta 2005, Здружение на фоторепортери и МИМ 2005...), му олеснија на дизајнерот на каталогот. Репродукциите од нивните фотографии во каталогот е само мало признание за нивниот труд...

На конкурсот во организација на Здружението на Фоторепортери и Македонскиот институт за медиуми, Давор Спасоски се стекна со диплома за фотографија во категоријата на портрети. Портретот со наслов „Гифидан“ беше награден во конкуренција од 300 пристигнати фотографии.
Ф О Т О Г Р А Ф И И 2005
13 декември 2005
20 часот
Мултимедиа Арт Центар - Тетово
(ЛОЈА)