Фото изложби на Петернек и Велтерс во Скопје
Published недела, септември 01, 2013 by
Chkrap! | E-mail this post
На 24 јули 2013 во 20 ч. во Кинотека на Македонија беше отворена изложба на 20 фотографии од Франс Велтерс, фотограф од Холандија.
На 25 јули 2013 во 21 ч. во галеријата на МАНУ беше отворена изложба на 35 фотографии од Томислав Петернек, фотограф од Србија.
Двајцата автори пред македонската публика се претставија со фотографии кои го документираат животот во Скопје кога градот беше разорен од катастрофалниот земјотрес во 1963.
Изложбите беа дел од проектот „Фотографијата – сведок или жртва“ кој го реализира Македонскиот центар за фотографија со финансиска поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија и Европската унија.
Томислав Петернек е еден од најпознатите фотографи од Србија. Се занимава со новинска, применета, рекламна, модна и подводна фотографија. Бил долгогодишен уредник на фотографија во НИН и акредитиран дописник при Министерството за информирање на Југославија од значајни фото агенции: Reuters, Eastlight, Contrast, UNICEF, Sygma. Од 1993 работи како слободен уметник. Добитник е на многу домашни и меѓународни признанија. Живее и работи во Белград.
Франс Велтерс е истакнат фотограф од Холандија. Со фотографија започнува да се занимава во 60-те години на минатиот век. Фотографиите од земјотресот во Скопје биле објавени во повеќе медиуми во Холандија (Het limburgs dagblad, Vrijevolk, Foto, Volkskrant) и битно влијаеле на неговиот понатамошен професионален успех. Бил долгогодишен професор по фотографија и добитник на повеќе домашни и меѓународни признанија. Во моментов се снима документарен филм за наговиот живот и работа.
Извор: Македонски центар за фотографија.
© Chkrap!*2013
0 Responses to “Фото изложби на Петернек и Велтерс во Скопје”
Leave a Reply