МОЈОТ ГРАД НИЗ СЛИКИ
Published петок, јули 05, 2013 by
Chkrap! | E-mail this post
Уникатен
спој на уметност и 3G мобилна технологија
Вип операторот заедно со Фото Сојузот на Македонија ја организираат
првата изложба на професионални фотографии направени и овозможени со помош на
напредна мобилна технологија.
Уникатната изложба наречена „Мојот град низ слики“ ќе биде поставена пред
Вип салонот во трговскиот центар „City Mall” во Скопје, во сабота, 6-ти јули
2013 од 17 до 19 часот.
Изложбата ја сочинуваат автентични фотографии од различни локации во шест града
низ Македонија (Скопје, Битола, Кратово, Штип, Охрид и Тетово) направени од
страна на 12 професионални фотографи со помош на т.н. паметни телефони –
Samsung Galaxy S4.
Повеќе информации
ТУКА.
„Мојот град низ слики“ е дел од манифестацијата Денови на македонската
фотографија која се одржува во рамките на „Скопско лето“ 2013 и го
претставува пресекот на македонското фотографско творештво во тековната година.
Изложбата Денови на македонската
фотографија ќе биде отворена на 16.јули во 21:00 часот во просториите на
Мала станица. Додека следниот ден, на 17.јули, во просториите на галеријата
Остен, во 21:00 часот ќе биде отворена изложбата Бисери на српската фотографија.
Фотографии: Александра Новеска и Драги Неделчевски.
... А во Екстра Ексклузив на Канал 5...
А кој сум јас?
RECYCLED REALITY PHOTOS © Dragi Nedelchevski * 2013
© Chkrap! * 2013
0 Responses to “МОЈОТ ГРАД НИЗ СЛИКИ”
Leave a Reply