„БИСЕРИ НА СРПСКАТА ФОТОГРАФИЈА“
					
					
						Published вторник, јули 16, 2013 by 
Chkrap! | E-mail this post 
   
   
   
     
     
     
     
   
   
   
				 
	
				
				
Фото Сојузот на Република
Македонија
во соработка со:
- Дирекцијата за култура и
уметност на град Скопје
- Скопско Лето
- Галерија Остен и
- Амбасадата на Република
Србија
Во склоп на 
ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА
ФОТОГРАФИЈА 2013
Со задоволство ви ја претставува извонредната колекција
„БИСЕРИ НА СРПСКАТА
ФОТОГРАФИЈА“
Колекцијата ја сочинуваат фотографии од архивата на Фото
сојузот на Србија собирани од периодот по втората светска војна па сè до 90-те
години на минатиот век, односно од таканаречениот златен период на
српската/тогашната југословенска фотографија. Период кога фотографијата на овие
простори не беше ретроградна, туку, слободно може да се каже авангардна и
динамична дури и во светски рамки.
Голем дел од фотографиите кои ја сочинуваат оваа
колекција навистина можат да се наречат бисери во кои има што да се види,
научи, промисли сопствениот фотографски израз…
Отворање: 17ти Јули, 2013 година, 21.00 часот, галерија
Остен.
  
Извор: ФСМ
© Chkrap! * 2013 
                		
                 
	
			 
0 Responses to “„БИСЕРИ НА СРПСКАТА ФОТОГРАФИЈА“”
Leave a Reply