Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



Две иэложби во Њујорк: "Natura Morta" и „Стара македонска фотографија”


E-mail this post



Remember me (?)



All personal information that you provide here will be governed by the Privacy Policy of Blogger.com. More...







Во галеријата на Македонскиот културен центар во Њујорк на 03.07.2013 во 18 часот ќе се отворат изложбите „Стара македонска фотогрсафија” и „Natura Morta”. Автори на двете иэложби се Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска. На изложбата „Natura Morta” ќе бидат изложени 20 големоформатни авторски фотографии изработени на платно, а изложбата „Стара македонска фотографија” содржи 50 стари фотографии од колекцијата на Македонскиот центар за фотографија. Ова претставува прво изложување на стари македонски фотографии во САД. На изложбата застапени се фотографии од следните автори, основоположници на македонската фотографија: Мирослав Бељан, Христо Димкароски, Евстатие Јолески, Јанаки Манаки, Милтон Манаки, Зафир Ошавков, Јонче Поп Стефанија, Пане Напески, Благоја Жежоски и Милан Жежоски.  
Изложбите за посетители ќе бидат отворени од 04.07. до 11.07. 2013 година. 
Изложбите финансиски се поддржани од Министерството за култура на Република Македонија. 
Моника Мотеска (1971) има одржано повеќе самостојни изложби во: Скопје, Белград, Будимпешта, Виена и учествувала на голем број групни презентации низ светот. Покрај сликарството во своите проекти користи фотографии и видео. 
Роберт Јанкулоски (1969) автор е на 28 самостојни изложби во: Скопје, Прилеп, Нови Сад, Белград, Будимпешта, Виена, Пловдив, Истанбул, Каен, Стразбур, Брисел,  и учествувал на голем број групни изложби. Има реализирано неколку документарни проекти.
 Во текстот за каталогот на изложбата „Natura Morta” Валентино Димитровски пишува:
 Уметничкиот јазик на Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска се вклопува во проширеното поле на повеќезначното користење на фотографијата во дисперзираните изразни и исказни уметнички практики на рецентната уметничка сцена во Македонија. Употребата на фотографијата како “неавтономна“ дисциплина во уметничките практики произлезена е од еден глобален процес во кој е дисциплинарната чистота и автономија на поединечните уметнички медиуми била напуштена со замирањето на доцниот модернизам…… Двајцата автори зад себе имаат повеќе значајни сродни проекти во кои со фотографија или фотографии создаваат фрагментарни или повеќенаративни низови, концептуализирајќи различни аспекти на уметничкиот јазик и неговата сложена историја, како и бројни актуелни феномени на современата стварност. Овој пат нивниот заеднички интерес се фокусира на една специфична област од уметноста и незината историја, феномен на жанрот познат во историјата на уметноста како мртва природа. Авторите го бираат латинскиот назив на овој жанр сакајќи да ја потенцираат неговата симболичка и цивилизациска сериозност. Но, со тоа престанува класичниот третман на овој жанр и се отвора една суптилна игра, едно слоевито и повеќезначно поигрување со основните претпоставки како и со поединечните елементи на јазичната структура кои формираат иконографија на жанрот на мртвата природа. Кај двајцата автори се приметува умешно алегориско поместување и ирониско детронизирање на базичната иконографија на овој жанр со намера неговите елементи да се применат во еден поместен но современ контекст.
 Роберт Јанкулоски во текстот эа „Стара македонска фотографија”
 Фотографијата како нов медиум на почетокот била прифаќана и создавана од ентузијасти блиски до ликовната уметност. Таков е и случајот со појавата на фотографијата во Македонија. Нешто повеќе од една деценија била потребна, средството што верно ја репродуцира природата, да стигне во Македонија. Првите пишани податоци за присуство на фотографијата кај нас датираат од 1855 година, кога во црквата Св. Димитрија во Велес, зографот Хаџи Косте Крстев се потпишал како зуграф и фотограф. За жал, сеуште не се пронајдени сочувани фотографии од овој автор.
Оваа изложба произлегува од работата на Македонскиот центар за фотографија во чии рамки се реализира проектот Стара македонска фотографија. Некои од фотографиите за прв пат се презентираат пред јавноста, а сите фотографии се изработени од оригинални негативи (стаклени плочи). 












© Chkrap! * 2013javascript:;


0 Responses to “Две иэложби во Њујорк: "Natura Morta" и „Стара македонска фотографија””

Leave a Reply

      Convert to boldConvert to italicConvert to link

 


За нас

Previous posts

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!