Creative Exchange - Foto konkurs
					
					
						Published понеделник, ноември 19, 2012 by 
Chkrap! | E-mail this post 
   
   
   
     
     
     
     
   
   
   
				 
	
				
				CX Фотографија
Четвртиот Creative Exchange настан е на тема фотографија. Се потрудивме да најдеме говорници со различни сензибилитети кои на свој начин ќе ни ја претстават нивната авантура со фотографијата. Исто така програмата ја збогативме со уште неколку нови активности кои може да ги видите во агендата подолу.
Локација: Кинотека на Македонија
Датум: 25.11.2012
Фото конкурс 
Испратете свои фотографии (максимум 5) и бидете дел од Creative Exchange хуманитарната изложба на фотографии. Фотографиите на изложбата ќе може да се купат и сите собрани средства се донираат на специјалното училиште „Златан Сремец“ и обезбедување на ликовна опрема.
Изборот на фотографии ќе биде направен во соработка со уредничкиот тим на познатитот сајт за фотографија 500px. Вкупниот број на одбрани фотографии ќе биде од дваесет до триесет.
Одбраните автори ќе добијат шестмесечно 500px Awesome членство.
Повеќе за конкурсот и правилата за учество, 
тука.
© Chkrap! * 2012
                		
                 
	
			 
0 Responses to “Creative Exchange - Foto konkurs”
Leave a Reply