Иван Блажев - Помеѓу светлината и сенките
Published петок, август 24, 2012 by
Chkrap! | E-mail this post
Драги пријатели и колеги,
Би сакал да ве поканам на мојата најнова самостојна фотографска изложба со наслов „Помеѓу светлината и сенките“ која ќе биде отворена во Понеделник на 27.08 во 20 ч. во Мала станица. Изложбата е во рамките на проектот Креативни индистрии на Министерството за култура.
Фотографиите се снимени во рамките на Скопската модна недела во период од 5 години, 2002 – 2007, но инспирацијата не е во најновите модни трендови туку во сензацијата да се биде помеѓу публиката и идејата да се прикажат учесниците во интимните моменти на подготовки, концентрација, еуфорија и досада, мешавина на емоции пред и по излегувањето на пистата.
Фотографиите претставуваат обид да се изолира настанот од контекстот на простор и време и да се фотографира модна ревија на поинаков начин. Помеѓу светлината и сенките е докуметарен фото есеј кој се обидува да ја улови сензацијата која постои под површината.
Иван Блажев е роден 1974 година во Скопје. Дипломирал на Бруклинскиот Колеџ при Градскиот Универзитет на Њујорк на отсекот за филмска режија и камера, а магистрира на Академијата за уметности во Нови Сад на отсекот за фотографија. Автор е на повеќе самостојни изложби, како и учесник на групни изложби во Македонија и надвор. Ги има објавено книгите со фотографии, Блесоци (2004), Македонија сонувајќи (2007), Скопје со очи широко отворени (2008), Исток (групна монографија, 2008) и Лицата на невидливиот град. Доцент е на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот Универзитет каде што предава фотографија и мултимедија.
© Chkrap! * 2012
0 Responses to “Иван Блажев - Помеѓу светлината и сенките”
Leave a Reply