МАКЕДОНСКАТА ФОТОГРАФИЈА
Колекцијата фотографии на Фото Сојузот на Македонија ја составуваат четириесет и пет дела од триесет и еден автор со различити поетики и генерациска припадност. Уметничката комисија која работи во состав на Фото сојузот, претставува своевиден коректив и филтер на квалитетното фотографско творештво во Македонија. Оваа изложба не е тематска, ниту пак со задачата на фотографот е компактна, туку неа ја карактеризира институционалното заедништво. Пред нас се многу фотографии кои се обликувани во современ дух, што ќе рече оти авторите длабоко нурнале во актуелните состојби на фотографското творештво. Мотиви на овие фотографии се сцени од амбиентот на катадневниот живот преземени со око на зналец и со фотоапаратот на снимателот и сега го живеат животот на уметничка фотографија. Тоа е најчест начин на фотографската работа која што со своите основни средства, со апаратот в раце, а со продолжен елемент на својата совест, како што вели Сузана Сонтаг, бара и лови сцени од катадневието. Врските во оваа колекција фотографии е онаа почетна или праидеја на фотографијата, а таа е оти фотографијата треба да го улови и да го задржи мигот на вистинскиот живот.
Овие четириесет и пет фотографии едноставно се моќно поврзани и се вмрежени со оригинална праисконска идеја на фотографијата. Го уловиле животот или деталите кои животот го прават поубав. Дали тој живот е „фатен„ на улица, во одење или е режиран со магичноста на снимателскиот нерв кој го преточил во трајна фотографска снимка, на крај тоа и не битно. Творечките патишта на авторите се различни, а методологиите се моќни и автохтони. Резултат на овие индивидуалности се актуелната и современа фотографија која што со чинот на изборот од страна на стручната комисија, станува историски податок и по овој автоматизам прераснува во архивска граѓа. Не е само архивска граѓа, туку добива значење на културно богатство зашто ја претставува фотографската работа на една земја. Духот и свежината на непосредност на овие фотографии моќно се чувствуваат.
Денеска по автоматизам фотографската техника снима во колор, а и светот е обоен во својот манифестен облик. Понатаму, вообичаено е фотографијата да биде во боја. Првичен поглед во извонредно богатата и животворна манифестациона практика во реални или во виртуелни простори ни покажува автори кои со своите однесувања кон фотографската работа не демантираат и честопати сме исправени пред црнобели фотографии. Во првата фаза на работа, односно додека фотографите снимаат, тие секако гледаат, а можеби и „мислат во боја„ а во втората фаза на создавање, која е надградба на првата, е обработка на снимениот материјал. Во работата на ова ниво клучна е одлуката за преминување на границите и на просторот на боите во монокроматски амбиент. Авторот навистина мора да има силни аргументи кога светот со богат колорит сака да го замени со сив или монокроматски регистар. Веќе со оваа интервенција тој јасно ја формира пораката и ја поставува естетската мера. Во оваа втора фаза од работата за сите автори карактеристично е оти ги доработуваат последниот поглед и структурата на композицијата. Очигледно е оти сите тие во некоја форма се потпираат на добрата практика од класичната естетска мера, па секако го препознаваат и го применуваат современиот фотографски рез во композицијата.
Искусниот набљудувач, уживајќи во овие фотографии, го препознава напорот и творечкиот нерв на авторот. Неупатениот набљудувач нема да ги препознае ниту креативните, ниту пак технолошките интервенции, но, секако, сигурен сум во тоа, ќе почувствува спокојство, опуштеност или посебна вибрација која што во миг ќе не поврзе со амбиентот на овие фотографски слики. Ова е вредносен културен проект на меѓународната соработка. Оваа изложба останува во меморијата на риечките автори, но и на пошироката културна јавност како амбиент во кој ги демонстрираме своите карактеристики.
Borislav Božić, prof. Rujan, 2012.
Еве како било на отворањето на изложбата...
© Chkrap!*2012
0 Responses to “SUVREMENA MAKEDONSKA FOTOGRAFIJA”
Leave a Reply