0 
comments
					
					
						Published понеделник, ноември 19, 2012 by 
Chkrap!. 
				 
	
				
				CX Фотографија
Четвртиот Creative Exchange настан е на тема фотографија. Се потрудивме да најдеме говорници со различни сензибилитети кои на свој начин ќе ни ја претстават нивната авантура со фотографијата. Исто така програмата ја збогативме со уште неколку нови активности кои може да ги видите во агендата подолу.
Локација: Кинотека на Македонија
Датум: 25.11.2012
Фото конкурс 
Испратете свои фотографии (максимум 5) и бидете дел од Creative Exchange хуманитарната изложба на фотографии. Фотографиите на изложбата ќе може да се купат и сите собрани средства се донираат на специјалното училиште „Златан Сремец“ и обезбедување на ликовна опрема.
Изборот на фотографии ќе биде направен во соработка со уредничкиот тим на познатитот сајт за фотографија 500px. Вкупниот број на одбрани фотографии ќе биде од дваесет до триесет.
Одбраните автори ќе добијат шестмесечно 500px Awesome членство.
Повеќе за конкурсот и правилата за учество, 
тука.
© Chkrap! * 2012
                		
                 
	
			 
 
 
 	
				
	
				
				На 10 ноември 2012 во МСУ се одржа жирирањето за ФОТОМЕДИА 2012.
Жирито во состав: Боро Рудиќ, Давид Брусњак и Драгослав Мирковиќ од пристигнатите 722 за изложбата одбраа 192. За резултатите од жирирањето види 
тука.
Еве мал фото репорт.
Сакате уште? 
Еве!
Изложбата на фотографии - ФОТОМЕДИА 2012 ќе биде отворена на 8 декември 2012 година во 20.00 часот во галеријата во Мала Станица во Скопје. Повелете!
© Chkrap! * 2012
                		
                 
	
			 
 
 
 	
				
					
					 0 
comments
					
					
						Published петок, ноември 02, 2012 by 
Chkrap!. 
				 
	
				
				
Драги пријатели,
Ќе ми биде големо задоволство да присуствувате на промоцијата на мојата фотомонографија и на отворањето на изложбата на фотографии „Пат“ во сабота, 3. ноември во 19 часот, во Кинотеката на Македонија (ул.„Никола Русински“ бр.1)
Миладин Чолаковић